Контакт

Свет

Руска опозиција: Путин ни објави војна

Објавено пред

Во понеделник Кремљ им подаде маслиново гранче на руските опозиционери, пред тие да излезат на најавените масовни демонстрации во протест против победата на Путин на претседателските избори, кои тие ја нарекоа „објава на војна“.

dobivaj vesti na viber

Во понеделник Кремљ им подаде маслиново гранче на руските опозиционери, пред тие да излезат на најавените масовни демонстрации во протест против победата на Путин на претседателските избори, кои тие ја нарекоа „објава на војна“.

Еден ден претходно, откако стана јасно дека убедливо победил уште во првиот круг, меѓу првите победнички изјави на Путин беше дека неговиот триумф „ја спасил Русија од непријателите кои се обидуваат да ја узурпираат власта“. Се уште актулениот премиер, кој се враќа во претседателската фотелја која ја држеше осум години пред на неа да го спроведе Дмитри Медведев во 2008 година, имаше солзи во очите кога ги нападна оние кои и се спротивставуваат на неговата 12-годишна доминација со Русија.

Прозваните опозиционери, пак, се жалат дека изборите, всушност, биле една огромна изборна изама, во која поранешниот агент на КГБ освои 63 проценти од гласовите и најавија дека своето гадење од тоа што се случи во неделата ќе го изразат преку масовни протести во центарот на Москва во понеделник навечер.

„Тој ги турка нештата до точка на кршење. Тој со ова ни објави војна“, вели новинарот Сергеј Паркоменко, еден од организаторите на протестите.

Соочен со можност за сериозни судири, Кремљ во понеделникот ја спушти топката и издаде соопштение чија цел е да ги избие од рацете на опозиционерите најубојитите аргументи. Имено, Медведев, кој функцијата претседател ќе ја врши до примопредавањњето во мај годинава, на Јавниот обвинител му нареди да ја преразгледа легалноста на 32 судски случаи, вклучувајќи го и затворањето на некогашниот нафтен магнат Михаил Ходоровски. Бизнисменот Ходопровски, кој некогаш ја поседуваше, во тоа време, најголемата руска нафтена компанија „Јукос“ и гажеше за најбогат човек во Русија, беше уапсен во 2003 година под обвиненија за одбегнување на данок и измами, но дури откако јавно ги покажа своите независни политички амбиции и влезе во судир со Путин.

Во соопштението на Кремљ се вели и дека Медведев на министерот за правда му наредил да објасни зошто не дозволил регистрација на либералната опозиционерска група ПАРНАС, на кој и беше забрането да учествува на изборите. И двете наредби следуваат (со мало задоцнување) по средбата помеѓу Медведев и опозиционерите минатиот месец, на која тие му предадоа список од луѓе кои тие ги сметаат за политички затвореници и повикаа на политички реформи.

Лидерот на руските комунисти Генади Зјуганов потезите на Медведев ги оквалификува како „обид барем да се намали степенот на незадовоство и бунтови кои се повеќе го обземаат руското општество“.

Потегот на Медведев, според аналитичарите, може да е наменет да ги смири најголемите протести во текот на владеењето на Путин, но и на заминување од функцијата да се прикаже како „полибералната“ половина од владејачкиот тандем Путин – Медведев.

Предизвиците пред Путин

Со речиси целосно пребројани гласови, резултатите од претседателските избори во недела во Русија покажуваат дека 59-годишниот Путин освоил 63,68 проценти од гласовите. Лидерот на комунистите Зјуганов беше втор со 17 проценти, додека ултранационалистот Владимир Жерновски освои нешто повеќе од шест проценти, а поранешниот претседател на руската Дума Сергеј Миронов заврши четврт, со четири проценти.

„Практично немаше некои сериозни прекршувања на изборниот процес“, изјави за Reuters претседателот на Централната изборна комисија Владимир Чуров со што ги отфрли наводите на опозицијата и на доброволните набљудувачи на изборите за масовни измами ширум Русија.

„Голос“, независна мониторинг организација, тврди дека регистрирала најмалку 3.100 прекршувања во целата земја. Меѓународните набљудувачи треба да ги дадат своите конечни извештаи до понеделник навечер.

Иако урбаните протестни движења Путин го претставуваат како автократен лидер кој ги кочи политичките и економските промени во Русија, тој сепак успеа да привлече солидно гласачко тело дури и во најоддалечените краишта на Русија. Многумина од гласачите Путин го сметаат за најбезбеден избор, кој е заслужен за враќањето на редот по хаотичните 1990-ти години под водство на тогашниот претседател Борис Елцин, но и за економскиот бум низ кој минува земјата во последнава деценија.

„Сакам стабилност. Не сакам никакви промени“, вели 38-годишната универзитетска професорка Марија Будаева, која го поддржува Путин. Раиза Сидорик, 64-годишна домаќинка, вели: „Тој ја знае економијата, тој го знае политичкиот систем. Мене ми се чини дека тој е најдобриот кандидат“.

Путин сега нема да пропушти убедливата победа да ја претстави како силна поддршка од јавноста против демонстрантите, кои тој ги опиша како дестабилизирачко малцинство и пиони на странски влади. Тој, исто така, сега целосно ќе ја врати во употреба цврстата реторика против Западот при справувањето со меѓунартодните прашања, вклучувајќи ја и опасноста од изолација на Русија поради нејзиниот став во врска со крвопролевањата во Сирија.

Путин е и под силен притисок од странските инвеститори да ја намали зависноста на Русија од извозот на енергенси.

Но, огромен број Руси од големите градови, особено од Москва и од Санкт Петерсбрург, тврдат дека тој е, всушност, најголемата пречка за промените и чувар на еден корумпиран политички систем од кој корист имаат само неговите пријатели и сојузници.

„Ништо не се промени“, вели еден од лидерите на протестите, Алексеј Навални. „Она што се случи во неделата не може да се нарече избори“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Роберт Де Ниро е болен и дементен човек, има екстремно низок коефициент на интелигенција

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше демократските конгресменки Илхан Омар и Рашида Тлаиб и актерот Роберт Де Ниро.

dobivaj vesti na viber

„Кога ги гледате Илхан Омар и Рашида Тлаиб со низок IQ како неконтролирано врескаат синоќа на многу елегантно обраќање за состојбата на нацијата, толку важен и прекрасен настан, тие имаа испакнати, крвави очи како луди луѓе, ЛУДИ, ментално растроени и болни луѓе кои, искрено, изгледаат како да треба да бидат институционализирани.

Кога некој може да се однесува така, а знаеме дека се скапани и корумпирани политичари, толку лоши за нашата земја, треба да ги вратиме таму од каде што дошле. Колку побрзо толку подобро. Тие можат само да им наштетат на Соединетите Американски Држави, не можат ништо да направат за да им помогнат“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

„Всушност, тие треба да се качат на брод со Роберт Де Ниро, уште еден болен и дементен човек за кој верувам дека има екстремно низок коефициент на интелигенција и нема апсолутно никаква идеја што прави или зборува, а дел од тоа е сериозно КРИМИНАЛНО!

Кога го гледав како се расплакува синоќа, како дете, сфатив дека можеби е уште поболен од лудата Роузи О’Донел, која моментално е во Ирска обидувајќи се да сфати како да се врати во нашите прекрасни Соединети Држави.

Единствената разлика помеѓу Де Ниро и Роузи е што таа е веројатно малку попаметна од него, што не е мал подвиг. Добрата вест е дека Америка е поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега, а тоа ги излудува“, заклучи Трамп.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.

dobivaj vesti na viber

„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.

Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.

„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Објавено пред

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со републиканците во Претставничкиот дом. Тие се подготвуваат да сведочат во конгресната истрага за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

dobivaj vesti na viber

По месеци борба да избегнат сведочење во она што го нарекоа републикански заговор, тие се согласија да сведочат само кога Претставничкиот дом се приближи кон гласање дали да ги повика на одговорност за непочитување на Конгресот, објави Си-ен-ен.

Се очекува на Клинтонови да им се придружат и нивните адвокати, Дејвид Кендал и Шерил Милс, кои работеа на деталите за можните прашања. Сведочењето е закажано за Чапаки, Њујорк, каде што живеат Клинтонови. Хилари Клинтон треба да сведочи денес, а Бил Клинтон е закажано да сведочи утре.

Местото беше договорено помеѓу Кендал и претставникот Џејмс Комер, претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, за да се избегне понижувањето и преседанот на повикување на поранешен претседател на Капитол Хил на сослушување. „Никој не сугерира дека Клинтонови направиле нешто нелегално“, рече Комер. „Само имаме многу прашања.“

За да се подготват, Клинтонови се повлекоа, понекогаш заедно, понекогаш одделно, за да ги освежат сеќавањата на годините на Епстин, но исто така и да подготват одбрана и линии на напад против потенцијално непријателски настроени испрашувачи. Републиканците се обидоа да ги третираат како целина, но одделните сведоштва ги нагласуваат потенцијално огромните разлики во информациите што можеа да му ги понудат на одборот.

Според анализата на Си-ен-ен, Бил Клинтон патувал со приватниот авион на Епстин најмалку 16 пати, а во досиејата објавени од Министерството за правда на САД, тој бил фотографиран со жени во џакузи. Тој бил фотографиран и со Гислен Максвел, поранешната девојка на Епстин и трговец со луѓе.

Хилари Клинтон изјави дека никогаш не го запознала Епстин. Бил Клинтон никогаш не бил обвинет во врска со Епстин, а неговиот портпарол постојано повторуваше дека тој ги прекинал врските со него пред апсењето на Епстин во 2019 година и дека не бил свесен за какво било кривично дело.

Се очекува испрашувањето на Бил Клинтон да биде долго, можеби подолго од петте часа што ги сведочеше соработникот на Епстин, Лес Векснер, минатата недела. Сведочењето ќе биде снимено, а персоналот на републиканскиот одбор планира да ги објави видеата во рок од неколку дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион39 минути

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет44 минути

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет1 час

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Свет2 часа

Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата и развој на нови стратешки системи за оружје,...

Регион3 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион3 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија15 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија16 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија17 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија19 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија21 час

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија22 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија22 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија22 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија22 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија22 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија22 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија22 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија23 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа1 ден

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...