Свет
Републикански „супер вторник“: Ромни најуспешен
Поранешниот гувернер на Масачусец, Мит Роми, победи на републиканските избори во пет сојузни држави, со што го зацврсти своето водство, во трката за претседателската номинација кај републиканците, пренесуваат американските медиуми.
Поранешниот гувернер на Масачусец, Мит Роми, победи на републиканските избори во пет сојузни држави, со што го зацврсти своето водство, во трката за претседателската номинација кај републиканците, пренесуваат американските медиуми. За Ромни, кој е преставник на умерената републиканската струја, најголема победа е онаа која ја извојува во Охајо, политички поделената сојузна држава, во која мора да победи секој кандидат на републиканците доколку сака да влезе во Белата куќа. По голема борба, според податоците, Ромни за еден процент, победил пред поранешниот кандидат Рик Санторум. Ромни, според очекувањата убедливо победи во својот Масачусец, либералниот Вермонт, Ајдахо, каде мнозинство од популацијата се неговите мормони и во Вирџинија. Санторум победи во Тенеси, Оклахома и Северна Дакота, тој оцени дека неговата победа во овие три сојузни држави најдобро ја отсликува конзервативната републиканска филозофија. Поранешниот претседател на Претставничкиот дом на Конгресот, Њут Гингрич, според очекувањата победи во матичната држава Џорџија, по што изјави дека останува во трката. За републиканска номинација неопходно е да се освојат 1144 делегати, според проекциите на „CNN“, Ромни според досегашните резултати има околу 400 делегати, Санторум околу 150, Гингриџ 100 и Пол околу 60 делегати. Победникот на изборите во републиканската партија, во ноември, ќе му се спротистави на Барак Обама на претседателските избори во САД. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

