Свет
Експлозијата во воен магацин во Словачка, еден загинат
Во експлозијата што се случи во воен магацин во Словачка во средата, загинало едно лице а ранети се три, јави словачката новинска агенција SITA цитирајќи го портпаролот на министерството за одбрана, Иван Рудолф.
Во експлозијата што се случи во воен магацин во Словачка во средата, загинало едно лице а ранети се три, јави словачката новинска агенција SITA цитирајќи го портпаролот на министерството за одбрана, Иван Рудолф.„Едно лице загина на самото место, а три лица се повредени“, потврдил портпаролот Рудолф за агенцијата. Несреќата се случила во магацин за воена опрема во градот Новаки, во западниот дел од земјата. Според првичните информации, експлозијата одекнала во текот на пописот на опремата во воениот магацин. На местото на несреќата пристигнале началникот на Генералштабот на словачката армија, Питер Војтек и премиерката Ивета Радичова./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

