Свет
Кирибати се сели на Фиџи
Властите на пацифичката островска држава Кирибати ја разгледуваат можноста да купат земја на Фиџи за да го преселат населението чија егзистенција е загрозена поради подигнувањето на нивото на водата како последица на глобалното затоплување.
Властите на пацифичката островска држава Кирибати ја разгледуваат можноста да купат земја на Фиџи за да го преселат населението чија егзистенција е загрозена поради подигнувањето на нивото на водата како последица на глобалното затоплување.
Претседателот Аноте Тонг објави дека властите се во преговори со владата на Фиџи за купување на земја на Вануа Леву, втор по големина остров на Фиџи.
Тонг смета дека ова е последна опција за спас на околу 100.000 жители на неговата земја.
Територијата на Кирибати е распространета на вкупно 32 корални атоли, со вкупна површина од 811 километри квадратни. Ниеден од атолите не се наоѓа на повеќе од метар над површината на водата.
Тонг вели дека секој ден се борат со климатските промени, но знаат дека тоа е битка што порано или подоцна неговата земја ќе ја изгуби.
Смета дека преселбата на целата популација на Фиџи, што е оддалечен 2.000 километри ќе биде монументален потфат.
Властите се надеваат дека на дел од населението ќе му биде овозможено да се пресели на други острови на западен Пацифик, вклучувајќи ги и Австралија и Нов Зеланд. /крај/хина/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

