Свет
Хамнеи ги пофали заложбите на Обама
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги поздрави заложбите на американскиот претседател, Барак Обама, прашањето за нуклеарната програма на оваа земја, да се решава по дипломатски пат.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги поздрави заложбите на американскиот претседател, Барак Обама, прашањето за нуклеарната програма на оваа земја, да се решава по дипломатски пат. Обама, во вторникот, изјави дека иранската нуклеарна програма не преставува непосредна закана и дека сеуште не е доцна, кризата да се реши по дипломатски пат, обвинувајќи ги при тоа, критичарите во таборот на републиканците, дека ја заговараат воената опција. „Ваквите изјави се добри и ја прикажуваат реалната состојба на работите“, изјави Хамнеи, чија изјава ја пренесоа иранските и светските медиуми. Ова е една од ретките прилики во кои ајатолахот упати пофални зборови за еден американски лидер. САД и сојузниците сметаат дека Иран се обидува да произведе атомска бомба, додека Техеран ги негира овие наводи, истакнувајќи дека нуклеарната програма е за мирнодопски цели. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

