Свет
Се урна дел од пругата на супербрзиот воз во Кина
Дел од новоизградената пруга на идниот супербрз воз се урна во централна Кина по поројните дождови, јавија во понеделник кинеските државни медиуми.
Дел од новоизградената пруга на идниот супербрз воз се урна во централна Кина по поројните дождови, јавија во понеделник кинеските државни медиуми.Пругата веќе ги пројде проверките, а отворањето на линијата беше предвидено за мај.Новинската агенција Синхуа пишува дека стотици работници веднаш се испратени повторно да го изградат урнатиот дел на пругата во должина од 300 метри, на делницата меѓу градовите Вухан и Јичанг, на реката Јангце.Голем дел од пругите за кинеските супербрзи возови е на столбови, слично како на оние во Јапонија.Кина не се откажува од намерата да продолжи со изградбата и проширувањето на системот на брзи возови, и покрај финансиските потешкотии и загриженоста дека сигурноста е загрозена со брзањето да се отворат нови линии, пишува АП.Последната несреќа на брзите пруги во Кина се случи минатото лето кога загинаа 40 луѓе. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

