Свет
ХРВ: Сирија ја минира границата со Либан и Турција
Сириската војска во последните месеци поставува нагазни мини долж границата со Либан и турција, на подрачја коишто ги користат бегалците, поради што многу цивили страдаа досега.
Сириската војска во последните месеци поставува нагазни мини долж границата со Либан и турција, на подрачја коишто ги користат бегалците, поради што многу цивили страдаа досега.Вакво обвинување денеска изнесе организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч (ХРВ).„Сирискиот режим настојува да спречи да влегуваат луѓе во државата, но и да спречи луѓето да бегаат од неа“, се вели во соопштението на ХРВ.Притоа се наведува дека сириската војска би морала да престане да ги користи меѓународно забранетите нагазни мини, кои со години го загрозуваат сириското населени.„Користење на нагазни мини претставува бескурпулозен чин и не постои ниту едно оправдување за неселективно убивање ниту за една цел“, се вели во соопштението.Извештајот се поткрепува со изјава на цивилни сведоци и со пиротехничари од редовите на опозициските сили, кои успеале да онеспособат одреден број на нагазни и противоклопни мини. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

