Свет
Најмалку 110 загинати во бродолом во Бангладеш
Спасувачките екипи во Бангладеш успеале да ги извадат телата на 110 лица, кои се удавија, откако потона ферибот кој превезувал околу 200 патници, соопштија локалните власти.
Спасувачките екипи во Бангладеш успеале да ги извадат телата на 110 лица, кои се удавија, откако потона ферибот кој превезувал околу 200 патници, соопштија локалните власти.„Бројот на загинати официјално се искачи на 110, откако спасувачките екипи и локалното населени пронајдоа тела како пловат низ реката“, изјави претставник на спасувачките екипи Махфузул Хак.Според претходниот биланс, бројот на загинатите изнесуваше 66.Несреќата се случи кога фериботот Шаријатпур 1, кој е на две нивоа, налета на друг брод во реката Мегна, југоисточно од главниот град Дака. Вкуно 35 патници ја преживеаа несреќата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

