Свет
Осама бин Ладен планирал убиство на Барак Обама

Пред да биде убиен во акцијата на американските маринци во мај 2011 година, тогашниот лидер на глобалната терористичка организација Ал Каеда, Осама бин Ладен наредил терористички напад во кој ќе биде убиен американскиот претседател Барак Обама.
Пред да биде убиен во акцијата на американските маринци во мај 2011 година, тогашниот лидер на глобалната терористичка организација Ал Каеда, Осама бин Ладен наредил терористички напад во кој ќе биде убиен американскиот претседател Барак Обама.
Осама бин Ладен наредил на својата терористичка мрежа да организира посебни терористички ќелии во Авганистан и во Пакистан со задача да го урнат авионот на американскиот претседател Барак Обама и на генералот Дејвид Петраус,тогашниот командант на американските сили во Авганистан, сметајќи дека тоа ќе предизвика криза во самите САД, пишува во петокот весникот The Washington Post.
Според весникот на угледниот вашингтонски весник, кој се повикува на документацијата на Ал Каеда запленета во акцијата за ликвидација на бин Ладен, со убиството на Обама, автоматски должноста американски претседател би минала на потпретседателот Џозеф Бајден, којшто како што му рекол лидерот на Ал Каеда на еден од неговите терористички команданти, „целосно е неподготвен за таа функција“.
„Што се однесува до Петраус, тој е човек на моментот… и неговата ликвидација би го изменила текот на војната“, оценил тогаш бин Ладен, кој се надевал дека нападите врз Обама и Петраус би можеле да ги изврши пакистанскиот исламистички бунтовник и терорист Иљас Кашмири.
Еден месец по ликвидацијата на бин Ладен, во напад на беспилотно летало на САД во Пакистан беше убиен и самиот Кашмири.
Претставници на американската администрација тврдат дека заговорот за атентат врз претседателот Обама и генералот Петраус никогаш не претставувале сериозна закана/ Заговорот, како што оценуваат американските аналитичари за весникот, била повеќе самофалење отколку што и да е друго сериозно, бидејќи на Ал Каеда и’ недостига оружје за уривање на најбезбедниот авион во светот, но е морничав потсетник дека бин Ладен со ослабени моќи на неговата организација и во бегство, се уште размислувал да изведе уште еден масивен напад врз САД.
Лидерот на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда беше ликвидиран во ноќта на 2 мај од страна на американските командоси кои упаднаа во неговата утврдена куќа во градот Аботабад, шеесетина километри од пакистанската престолнина Исламабад. Телото на дотогаш најбараниот терорист на светот беше погребано со муслимански верски обреди во Арапското Море морето истиот ден.
Меѓутоа, на почетокот од март интернет ресурсот WikiLeaks објави наводно доверливи дописи во кои се открива дека телото на некогаш најбараниот терорист било префрлено е прво на институтот за патологија на американските воени сили во Бетезди во државата Мериленд, а потоа во Довер во државата Делавер.
Ресурсот објави мејлови кои Фред Бартон, потпретседателот на институтот за стратешки истражувања Stratfort ги испратил ден по убиството на бин Ладен во Пакистан, истиот ден кога беше објавено дека терористот е погребан со муслимански обичаи во море на непозната локација.
Од неговите пораки што ги разменил со централата и директорот на Стратфор, Џорџ Фридман се гледа дека Американците веднаш откако го убиле бин Ладен ги информирале пакистанските власти и дека го зеле неговото тело.
При пребарување на куќата во која престојувал бин Ладен со двете негови жени и неколкуте деца, беа пронајдени компјутери и разни датотеки на бин Ладен и неговите приврзаници, а беше запленет и со рака пишуваниот личен дневник на водачот на Ал Каеда./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.
Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.
Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.
Другите жртви се од други области погодени од поплавите.
Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.
Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.
Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.
Свет
Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.
„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.
Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.
Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.
Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.
Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.
Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.
Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.