Свет
Можност за метастази на виталните органи кај Чавез
Карциномот од кој страда венецуелскиот претседател Уго Чавез, би можел да предизвика метастази во другите витални органи, тврди лекарот Хозе Рафаел Маркина.
карлицата. Венецуелскиот претседател мора да мине радиотерапија. Чавез планира да се врати во татковината, според неговите зборови, во недела на 18-ти март.Чавез призна дека му бил отстранет канцероген тумор кој беше опериран во текот на летото на 2011 година. Истовремено, тој негираше присуство на метастази.Маркина тврди дека радиотерапијата се врши на различни делови од телото на Чавез, вклучувајќи ги грбот, карлицата и црниот дроб, дека чувствувал болки во стомакот, а покрај тоа претседателот на Венецуела имал и висок крвен притисок.„За жал, состојбата на претседателот не е многу добра, ракот е неизлечив, прогнозата вели дека не му останува уште многу живот и, според достапните информации, терапијата не помога“, вели лекарот.Во врска со претстојните претседателски избори во Венецуела коишто се закажани за 7-ми октомври 2012 година, на коишто повторно се кандидира Чавез, лекарот Маркина претпоставува дека кампањата на актуелниот претседател ќе има повеќе медиумски карактер, бидејќи во ваква состојба за него ќе биде тешко да патува низ земјата за добивање поддршка и дополнителни гласови.Венецуелскиот претстедател Уго Чавез точно пред две седмици објави дека му се повратил канцерот, изјавувајќи дека по операцијата на Куба со којашто му бише отстранет туморот, ќе му биде потребна редиотерапија и негирајќи дека има траги од метастастази во организмот.Чавез рече дека му е остранет тумор со големина од два центиметра од истото место во пределот на карлицата од каде поголем тумор му беше отстранет во 2011 година, но најави дека заздравувањето ќе биде многу побрзо признавајќи дека ќе му биде потребна радиотерапија за целосно излекување.Минатата година на Куба Чавез беше опериран и прими четири циклуси хемотерапија, откако му беше откриен тумор во пределот на карлицата.Неговата изјава ја турна венецуелската политика во нов период на неизвесност, бидејќи социјалистичкиот лидер планираше повторно да се кандидира за претседател, во надеж дека по 13 години владеење ќе помине уште шест години на власт, колку што трае претседателскиот мандат.Опозицијата во Венецуела на внатрешните предизбори во февруари го избра Енрике Каприљес, адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, за свој единствен кандидат кој ќе се соочи со актуелниот претседател Уго Чавез на претседателските избори во октомври годинава.Сепак, и покрај здравствените проблеми, големиот фаворит на претседателските избори во Венецуела, Чавез изјави дека нему му е сеедно дали ќе се соочи со еден или со повеќе противници додавајќи дека тој има намера да остане на власт до 2031 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

