Свет
Уапсен осомничен за подготовка на терористички напади во Холандија
Холандската полиција во петокот уапсила 20-годишен маж осомничен за подготвување терористички напади, јавува во саботата Аssociated Press, повикувајќи се на канцеларијата на локалниот обвинител.
Холандската полиција во петокот уапсила 20-годишен маж осомничен за подготвување терористички напади, јавува во саботата Аssociated Press, повикувајќи се на канцеларијата на локалниот обвинител.Според холандското законодавство, идентитетот и националноста на уапсениот не се соопштени, но објавено е дека при претресот на неговиот дом биле пронајдени околу два килограма алуминиумов прав и голем број ДВД-а со видеоматеријали за исламизмот и екстремистички активности. Алуминиумовиот прав се користи, вклучително и во пиротехниката.Судот на Ротердам врз основа на пронајдените материјали во домот на младиот човек, во петокот одлучил да му одреди притвор во траење од две седмици./крај/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

