Свет
Во Египет загина навивач во судири со војската
Млад египетски навивач е убиен а 20-ина се ранети во петокот навечер во градот Порт Саид во судирите меѓу навивачите на локалниот фудбалски клуб и војската во текот на протестите против одлуката за забрана за натпреварување на нивниот клуб поради крвавите судири во февруари.
Како што пренесе онлајн изданието на египетскиот дневен весник Аl Ahram, во безредијата било убиено 13-годишно момче а 16 лица биле посериозно повредени, неколкумина со прострелни рани а повеќето од нив се затруени со солзавец што го употребила војската за растерување на толпата навивачи на клубот Ал-Масри.
Навивачите протестирале против исклучувањето на нивниот клуб од натпреварувањата во Египет во следните две сезони и забрана за организирање мечеви пред публика во следните три години.
На 1-ви февруари во Порт Саид, на дербито меѓу домашниот Ал-Масри и фаворитот од главниот град Каиро, клубот Ал-Ахил кој тогаш го доживеа првиот пораз во сезоната (1:3), беа нападнати гостинските навивачи а во судирот на двете навивачки групи загинаа 74 лица а повеќе од стотина беа повредени. Што претставува најголема трагедија во историјата на египетскиот фудбал, по што беше заменета управата на Египетскиот фудбалски сојуз и месните власти во Порт Саид.
Демонстрантите на улиците на Порт Саид запалиле гуми, ги демолирале продавниците во центарот на градот. По обидите на воената полиција со интервенција да ги растури протестите, навивачите почнале да фрлаат со празни шишиња и камења.
Полицијата соопшти дека во толпата демонстранти имало провокатори,коишто истрелале неколку сачми кон војниците и кон навивачите./крај/аа/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

