Свет
Десет војници од кои еден припадник на НАТО загинаа во експлозија
Десет војници од коишто еден е припадник на единиците на НАТО смртно настрадале во експлозија од граната од домашно производство во покраината Кандахар, талибанско упориште во јужен Авганистан, соопштија во неделата локалните власти.
Шест полицајци, двајца авганистански војници, преведувач и војник на мисијата ИСАФ предводена од НАТО се убиени во нападот, изјави за AFP портпаролот на локалната влада на провинцијата Кандахар, Залмај Ајуби.
Нападот бил изведен во саботата доцна навечер. Во нападат настрадале двајца високи полициски функционери, потврдил гувернерот на областа Аргандаб, којашто е во составот на провинцијата Кандахар. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

