Свет
Медведев: Мисијата на Анан можеби е последната шанса за Сирија
Специјалниот пратеник за Сирија на ОН и Арапската лига, Кофи Анан, во неделата во Москва разговараше со руските лидери кризата во Сирија.
Мисијата на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, можеби е последната шанса Сирија да ја избегне долготрајна граѓанска војна, рече рускиот претседател во заминување Дмитриј Медведев, по средбата со Анан.
„Ние навистина ги цениме вашите напори. Тоа, можеби, за Сирија претставува последна шанса да се избегне долготрајна крвава граѓанска војна“,ги цитира РИА Новости зборовите на Медведев искажани во разговорите со Кофи Анан.
„Се надеваме дека вашата работа ќе заврши со позитивен резултат“, рекол Медведев.
Претседателот на Русија и специјалниот претставник на ОН се сретнаа во неделата на меѓународниот московски аеродром „Внуково 2“, од каде што Медведев отпатува во јужнокорејската престолнина Сеул каде што ќе присуствува на вториот самит за нуклеарна безбедност.
Претходно во неделата Анан имаше средба на којашто било разговарано за ситуацијата во Сирија и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, но по средбата изостанаа вообичаените официјални соопштенија
Заменикот на шефот на руската дипломатија, Генадиј Гатаилов, само општо го коментираше состанокот меѓу Анан и Лавров одржан зад затворени врати.
„Кога станува збор за потребата да се вложат дополнителни сили за да се прекине со насилството, двајцата функционери имаат исти ставови и ја истакнаа важноста од соработката со владата, но и со опозицијата“, изјави Гатаилов за руските медиуми.
„Општо гледано, Русија е задоволна со ангажираноста ни активностите на Анан, а сега треба да и’ се дозволи на мисијата на Анан да дејствува“, додал Гатаилов.
Анан во вторник и во среда ќе престојува во Пекинг, каде што ќе разговара со кинеските власти, коишто исто како и руските се сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, од кого опозицијата цела година бара оставка, а протестите се претворија во крвави вооружени судири во кои според процените има повеќе од осум илјади загинати.
Западните и арапските земји се надеваат дека Москва и Пекинг ќе извршат притисок врз Дамаск и ќе влијаат режимот на ал-Асад да го намали насилството во обидите да го задуши бунтот на вооружената опозиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

