Свет
Иран со пофалби за Сирија
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го пофали денеска раководството на Сирија за постапките во едногодишните протести, истакнувајќи дека Техеран ќе стори се за да и помогне на својата најблиска арапска сојузничка.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го пофали денеска раководството на Сирија за постапките во едногодишните протести, истакнувајќи дека Техеран ќе стори се за да и помогне на својата најблиска арапска сојузничка.Шиитски Иран ги поддржа народните востанија во кои беа отстранети лидерите на Египет, Либија и Јемен , но од друга страна целосно го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој е припадник на малцинската шиитска секта алавита.„Многу сум среќен што сириските функционери толку добро ја решаваат состојбата. Се надевам дека состојбата во Сирија ќе се пободри од ден во ден“, изјави Ахмадинеџад на средбата со Асадовиот пратеник, Фаисал Мекдад.Ахмадинецад ги обвини западните сили дека се здружиле со арапските држави со цел да го сменат сириското раководство и да му ја зајакнат позицијата на Израел во регионот. „Говорејќи лажни слогани во одбрана на слободата Американците сакаат да ја преземат контролата над Сирија, Либан и Иран и ние мораме да бидеме подготвени да се спротивставиме на нивните завери“, порача Ахмадинеџад. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

