Свет
Почина девојката што ја силуваа и запалија синови на украински моќници
Почина 18-годишната Оксана Макар, којашто беше силувана и ја запалија синови на моќници во Украина, соопштија во четврток претставнци на украинските здравствени власти.
Според обвинителите, на 9-ти март во градот Миколајв синови на поранешни владини функционери, заедно со уште еден другар, ја силувале, ја фрлиле во дол и ја запалиле осумнаесетгодишната Оксана.
Меѓутоа девојката преживеа и две седмици се бореше за животот.
Официјалните лица од градот Доњецк, на истокот од Украина, каде што девојката била лечена, изјавија дека таа им подлегнала на раните и изгорениците и повредите на белите дробови, јавува AP.
Ова злосторство ја шокираше Украина и истовремено ширум земјата почнаа протести против корупцијата, откако полицијата ги пушти на слобода двајцата осомничени кои имале силни врски во регионот.
На крајот, сите тројца осомничени се уапсени и обвинети за силување, а еден од нив и за обид за убиство./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

