Свет
На Чавез му остануваат уште седум месеци, смета венецуелскиот лекар Маркина
Новите прогнози за здравствената состојба на венцуелскиот претседател Уго Чавез, според венецуелскиот лекар Хосе Рафаел Маркина, кој живее во САД, укажуваат дека на Чавез не му остануваат повеќе од седум месеци, пренесе во саботата радиото Univision.
Лекарот Хосе Рафаел Маркин е познат по голем број предвидувања за здравјето на претседателот на Венецуела, Уго Чавез, и е дорбо запознаен со здравествената состојба на претседателот од извори блиски на медицинскиот тим на Чавез во Хавана, но и во Каракас.
Според докторот, на Чавез му е дијагностицирана лејомисаркома, екстремно редок тумор на кожата од мазномускулно потекло. Понекогаш таа достигнува 20 сантиметри во дијаметар.
„Јас не мислам дека Чавез ќе живее многу подолго од шест или седум месеци, судејќи според брзината на развојот на туморот“, изјавил Маркена. Според докторот, во најдобар случај, Чавез ќе живее до април 2013 година.
Пред три седмици Маркина, кој има одлични извори во медицинскиот тим на венцуелскиот претседател, изјави дека карциномот од кој страда Чавез, би можел да предизвика метастази во другите витални органи. Маркина тврди дека радиотерапијата се врши на различни делови од телото на Чавез, вклучувајќи ги грбот, карлицата и црниот дроб, дека чувствувал болки во стомакот, а покрај тоа претседателот на Венецуела имал и висок крвен притисок.
„За жал, состојбата на претседателот не е многу добра, ракот е неизлечив, прогнозата вели дека не му останува уште многу живот и, според достапните информации, терапијата не помога“, рече тогаш Маркина.
Во врска со претстојните претседателски избори во Венецуела коишто се закажани за 7-ми октомври 2012 година, на коишто повторно се кандидира Чавез, лекарот Маркина претпоставува дека кампањата на актуелниот претседател ќе има повеќе медиумски карактер, бидејќи во ваква состојба за него ќе биде тешко да патува низ земјата за добивање поддршка и дополнителни гласови.
Венецуелскиот претстедател Уго Чавез пред еден месец објави дека му се повратил канцерот, изјавувајќи дека по операцијата на Куба со којашто му бише отстранет туморот, ќе му биде потребна редиотерапија и негирајќи дека има траги од метастастази во организмот.
Чавез призна дека му е отстранет тумор со големина од два центиметра од истото место во пределот на карлицата од каде поголем тумор му беше отстранет во 2011 година, но најави дека заздравувањето ќе биде многу побрзо признавајќи дека ќе му биде потребна радиотерапија за целосно излекување.
Минатата година на Куба Чавез беше опериран и прими четири циклуси хемотерапија, откако му беше откриен тумор во пределот на карлицата.
Неговата изјава ја турна венецуелската политика во нов период на неизвесност, бидејќи социјалистичкиот лидер планираше повторно да се кандидира за претседател, во надеж дека по 13 години владеење ќе помине уште шест години на власт, колку што трае претседателскиот мандат.
Опозицијата во Венецуела на внатрешните предизбори во февруари го избра Енрике Каприљес, адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, за свој единствен кандидат кој ќе се соочи со актуелниот претседател Уго Чавез на претседателските избори во октомври годинава.
Сепак, и покрај здравствените проблеми, големиот фаворит на претседателските избори во Венецуела, Чавез изјави дека нему му е сеедно дали ќе се соочи со еден или со повеќе противници додавајќи дека тој има намера да остане на власт до 2031 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

