Свет
Клинтон му се закани на режимот на Асад со „последици“ за насилството во Сирија
Американската државна секретар Хилари Клинтон во неделата ги повика сириските власти да престанат со воените операции против цивилите, велејќи дека во спротивно Дамаск ризикува да се соочи со „сериозни последици“, јавува Reutеrs.
„Нашата порака треба да им биде јасна на оние коишто издаваат наредби и оние коишто ги спроведуваат: прекинување на убиствата на своите граѓани, или ќе се соочат со сериозни последици“, изјави државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, говорејќи во Истанбул во неделата на втората конференција на групата Пријатели на Сирија, на којашто присуствува и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Клинтон изрази сомнежи во сириското прифаќање на мировниот план на специјалниот претеник на Обединетите нации и Арапската лига, Кофи Анан.
Американската државна секретарка, исто така, ја повика сириската опозиција да развие политички план за решавање на ситуацијата во земјата. Таа соопштила дека САД на сириската граѓанска опозиција ќе и’ обезбедат комуникациска опрема.
Претставниците на околу 80 земји и меѓународни органзиации во турската метропола Истанбул во неделата треба да донесат одлука за начинот на кој ќе се спроведуваат притисоци врз режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад да го почитува планот на Кофи Анан, кој претходно изјави дека го прифаќа, за излегување од кризата.
„Сирија не ги исполни своите ветувања. Имајќи ја предвид хуманитарната трагедија во Сирија, време е за акција“, изјави на почетокот од конференцијата турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
„Не можеме да дозволиме дека режимот Асад да го користи ‘планот на Анан’, со цел да добие во време. Советот за безбедност на ОН е должен да го сопре владејачкиот режим во Сирија“, дополнил Ердоган, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека неговата земја е на страната на сирискиот народ, го поддржува и се надева дека тој ќе биде „умее самиот да ја реши својата судбина“.
„Турција не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на другите земји“, рекол Ердоган, додавајќи дека на „човечката драма“ во Сирија не може да се остане рамнодушен кон она што се случува од страна на меѓународната заедница.
„Ние се залагаме за итен прекин на крвопролевањето во Сирија. Сирискиот народ треба да знае дека не е осамен“, додал турскиот премиер.
Ердоган, исто така, соопштил дека бројот бегалци од Сирија во Турција, изнесува приближно 20 илјади лица.
Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, пак, изразил надеж дека на средбата во Истанбул ќе се олесни почетокот на решавањето на сириската криза. „Денеска во Истанбул нѐ собра решителноста што е можно поскоро да се стави крај на насилството што го опустоши нашиот братски сириски народ, и желбата да се обезбеди секаква поддршка за создавање светла иднина за Сирија“, изјавил шефот на турската дипломатија.
„Владејачкиот режим во Сирија, и покрај ветувањето дадено на Кофи Анан (да се запре насилството), продолжува да го уништува сопствениот народ. Сирискиот народ денеска сака да слушне од нас дека не е сам ….“, рекол Давутоглу.
На втората конференција на групата Пријатели на Сирија, по февруарската што се одржи во Тунис, присуствува и челникот на Сирискиот национален совет (SNC), главната опозициска груапција, Бурхан Галиун, кој во саботата конференцијата ја повика да ги вооружи бунтовниците на Војската на слободна Сирија.
„SNC го изразува барањето на сирискиот народ. Неколкупати повикувавме на вооружувањето на Војската на слободна Сирија. Сакаме конференцијата Пријатели на Сирија да го исполни тоа барање. Очекуваме од меѓународната заедница одлука за одбрана на граѓаните изложени на секојдневни страдања“, изјавил Галиун.
За оваа идеја, којашто ја отфрлаат САД, повеќе арапски и европски земји, се залагаат Катар и Саудиска Арабија, чиј министер за надворешни работи принцот Суад ал-Фејсал во саботата го повтори повикот за вооружување на сириската опозиција, велејќи дека тоа е „должност“.
Во петокот навечер, портпаролот на сириското министерство за надворешни работи за државната телевизија изјави дека „борбата чијашто цел беше да се урне сириската држава, засекогаш пропадна, а почнува една друга битка, битката за консолидација на стабилнсота и за изградба на нова Сирија“.
Сириските власти во неделата, пак, соопштија дека планираните први прекини на огнот нема да се случат. Портпаролот на министерството за надворешни работи на Сирија, Џихад Макдиши, објасни дека владата нема да ги повлече војниците и тенковите од градовите каде несигурноста продолжува, сѐ додека таму не се воспостави нормалниот живот.
Планиот на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, поранешниот генерален секретар на светската организација, Кофи Анан, во прв ред претпоставува итен прекин на насилствата во Сирија, почеток на внатрешен политички дијалог, повлекување на владините трупи и итно обезбедување хуманитарната помош да биде доставена до провинции погодени со вооружените конфликти. Советот за безбедност на ОН на 21-ви март едногласно го усвои извештајот со кој се изразува „целосна поддршка“ на предлозите на Анан за решавање на ситуацијата во Сирија.
На конференцијата во Истанбул, како што се очекува, треба Сирискиот национален совет (SNC) да биде признаен како „единствен претставник на сирискиот народ“, да се формира меѓународен фонд за обезбедување хуманитарна помош за Сирија и да се изрази поддршка за „планот на Анан“ за решавање на сириската криза.
На конференцијата Пријатели на Сирија, на ниво на министри за надворешни работи, не присуствуваат претставници на членките на Советот за безбедност на ОН, Русија и Кина. Москва и Пекинг соопштија дека не ги поддржуваат активностите во такви форми како што е групата Пријатели на Сирија, имајќи предвид, според нив, дека водечката улога во решавањето на сириската криза треба да ја има Советот за безбедност на ОН./крај/мф/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

