Свет
Националната архива на САД ги објавува резултатите од пописот од 1940 година
Националната архива на САД во понеделник ги објави резултатите од пописот од 1940 година, на кои, после 72 години, им истече доверливоста, а сите заинтересирани можат да ги погледаат преку интернет.
Националната архива на САД во понеделник ги објави резултатите од пописот од 1940 година, на кои, после 72 години, им истече доверливоста, а сите заинтересирани можат да ги погледаат преку интернет.
Во САД и Порторико денеска живеат 21 милион повеќе жители од 1940 година. Пописот го опфаќа периодот од 1930-сетите, кои беа карактеристични по Големата економска криза и миграцијата на црнците од југ.
По 1942 година, Националната архива на САД секоја деценија објавуваше резултати од претходните пописи. Податоците во кои спаѓаат имињата, адресите, платите и вработувањата на богатите долго се криени.
Одделни борци за заштита на приватноста се противеа на објавувањето на личните податоци за живите лица.
Џеј Стенли, аналитичар од Американското здружение за слобода на граѓаните предупреди на можна штета што би настанала со поврзување на податоците од пописот во 1940 со други информации.
Претседателот на американското пописно биро Роберт Бернстин порача дека нема потреба од стравување од злоупотреба на податоците од живите лица, додавајќи дека датумите на раѓање и броевите на социјалното осигурување нема да бидат објавени. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

