Свет
Анан од ОН бара краен рок за примирјето во Сирија
Специјалниот пратеник на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, Кофи Анан во понеделникот побарал поддршка од Советот за безбедност 10-ти април да и’ биде одреден како краен рок на Сирија за делумно спроведување на неговиот план за решавање на конфликтот во оваа земја.
Како што пренесува Reuters повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, Кофи Анан, во рамките на одредувањето на крајниот термин за почеток на неговиот план од шест точки за решавање на ситуацијата во Сирија, барал од Советот за безбедност на Обединетите нации и поддршка за целосен прекин на огнот 48 часа по овој рок.
Анан на Советот за безбедност зад затворени врати му соопштил дека Сирија се согласила на идејата за овој краен термин, кој би вклучувал престанување на движењето на воените единици кон населените места со повлекување на тешкото вооружување и почеток на повлекување на војниците, рекле за агенцијата дипломатите под услов да останат анонимни.
Засега нема сигнали дека сирискиот претседател Башар ал-Асад, ги исполнува своите ветувања дека ќе го спроведе планот на специјалниот пратеник ан аОН и Арапската лига, кој во прв ред предвидува прекинување на насилствата и почеток на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата за „политичка транзиција“ на земјата, пишуваат западните медиуми.
„На теренот нема напредок“, изјавил за Reuters еден дипломат од состанокот, резимирајќи ги зборовите на Анан.
И покрај изостанувањето на напредокот, Анан на Советот за безбедност му рекол дека има одредени почетоци на спроведувањето на планот и побарал од членките на Советот „да започнат со разгледување на можноста за разместување на меѓународни набљудувачки мисии со широк и флексибилен мандат“, додал изворот на агенцијата/
Агенцијата на ОН за мировни мисии веќе почнала со плaнирањето на мисија на светската организација за надзор на прекинот на огнот во Сирија, којашто би ја сочинувале 200 до 250 невооружени набљудувачи. За таквата мисија неопходна е резолуција на Советот за безбедност а сé уште не е познато како Русија ќе одговори на поsледната сугестија на Анан.
Претходно во понеделникот шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во ерменската престолнина Ереван изјави дека се противи на какво и да е одложување или ултиматум во врска со почетокот на реализација на планот на Кофи Анан за Сирија.
Изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, следеше откако претходно во неделата на конференцијата на групата Пријатели на Сирија во турската метропола Истанбул беше упатен повикот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад да му се даде „краен рок“ за спроведувањето на планот Кофи Анан, заедничкиот специјален претставник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија.
„Ултиматумот и вештачкото создавање одложување, ретко може да се покаже полезно. Кофи Анан доби мандат од генералниот секретар на Обединетите нации и од Советот за безбедност, затоа на Советот за безбедност е да оценува кој и како ќе ги спроведува неговите предлози“, се вели во писмената изјава на Лавров дадена при неговата посета на ерменската престолнина Ереван, тврдејќи дека учесниците на конференцијата во Истанбул не можат да го оценуваат спроведувањето на планот од шест точки за надминување на конфликтот во Сирија на Анан, туку тоа е во надлежност на Советот за безбедност на ОН.
Во саботата портпаролот на сириското министерство за надворешни работи Џихад Макдеши изјави дека „обидот за уривање на режимот во Сирија пропадна еднаш засекогаш“, и дека сириската армија ќе се повлече од станбените квартови, штом таму ќе се воспостави безбедноста и мирот.
„Борбата чија цел е да се урне сириската држава, засекогаш пропадна, а почнува една друга битка, битката за консолидација на стабилноста и изградбата на нова Сирија“, изјави портпаролот Макдеши /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа за Иран: Трамп ја следи ситуацијата, може да има сериозни последици
Американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Таа додаде дека Трамп и неговиот тим го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“, пренесува Ројтерс.
Трамп вчера изјави дека му било кажано дека убиствата како дел од иранската репресија на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека во моментов нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.
„Ќе бидеме многу вознемирени ако егзекуциите продолжат“, рече Трамп.
Тој не ја исклучи воената акција на САД, велејќи дека ќе „следи како се одвива процесот“, истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.
Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, син на шахот на Иран, кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целата земја.
Истиот ден, интернетот беше исклучен, а во неколку ирански градови протестите се претворија во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против иранскиот политички систем.
Беше објавено дека имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.
Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, на 12 јануари објавија дека ситуацијата е ставена под контрола.
Свет
(Видео) Мерц: Русија е европска земја, стабилните односи со неа се клучни за иднината на ЕУ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.
Зборувајќи пред бизнисмени на новогодишен прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, пренесуваат медиумите.
Germany's Merz:
Russia is a European country, our largest neighbor.
If we succeed, in the longer term, in once again finding a balance with Russia—if peace prevails, if freedom is guaranteed—if we succeed in all of this, ladies and gentlemen, then the European Union, and we in… pic.twitter.com/zYBfxawgr9
— Clash Report (@clashreport) January 15, 2026
„Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако владее мир и ако се обезбеди слобода, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот тест и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, рече Мерц.
Канцеларот, според написите, нагласил дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.
„Го велам тоа каде и да сум во Германија“, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.
Фото: ЕПА
Свет
Претседателот на Чешка: Американското преземање на Гренланд би претставувало сериозна закана за НАТО
Претседателот на Чешка, Петр Павел, денес предупреди дека нема прашање за безбедноста на Гренланд што не може да се реши со разговори на сојузниците во рамките на НАТО и дека американската анексија на тој дански остров би значела сериозна закана за кредибилитетот на западниот воен сојуз и принципите врз кои е основан.
„Кога едната страна е целосно отворена за разговори, нема смисла да се преземаат какви било присилни мерки. Какви и да се приговорите на САД во врска со Гренланд и одбраната, тие можат да се решат преку преговори на сојузниците“, рече Павел за време на неговата посета на Украина.
Павел рече дека Данска е отворена за разговори за посилно американско присуство и почести воени вежби, вклучително и користење на минералното богатство на островот, и предупреди дека секое воено решение веднаш ќе биде искористено од непријателите на Западниот сојуз.
„Тоа навистина би им било од рака и верувам дека ниту европските сојузници ниту САД не го сакаат тоа“, рече чешкиот претседател.
Павел, кој утре во Киев ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дојде по трет пат од почетокот на руската инвазија на Украина, каде што разговараше за можна соработка во областа на противвоздушната одбрана, како што направи и новиот чешки министер за надворешни работи Петр Мацинка една недела претходно.
И двајцата им потврдија на украинските претставници дека меѓународната иницијатива „Муниција за Украина“, која ја координира Чешка, нема да биде суспендирана, иако партиите што ја сочинуваат новата чешка влада претходно се заканија дека ќе го сторат тоа кога ќе дојдат на власт.

