Свет
Московската полиција дозволи протест на Црвениот плоштад
Руската полиција во неделата попладне им дозволи на неколку стотини опоаициски активисти да учествуваат на протестот на легендарниот Црвен плоштад во галвниот град Москва, на првите демоснтрации одржани во близната на Кремљ.
Како што јавуваат руските медиуми, тројца активисти биле приведени поради обидот да подигнат шатор на центарот на Црвениот плоштад.
Московските власти досега не дозволуваа одржување на политички собири на Црвениот плоштад. Минатата седмица првпат дозволија мирни протести против рускиот претседател Владимир Путин, но тогаш беа уапсени повеќе десетици демонстранти, поради непридржување на одредбите за протести и нарушување на јавниот ред.
Во неделата се собрале на плоштадот неколку стотици активисти коишто се движеле во круг по огромниот плоштад носејќи бели ленти и бели цвеќиња, симболите на протестите коишто почнаа во руските градови по парламентарните избори одржани ланскиот декември, за коишто опозицијата тврди дека биле наместени.
„Се чувствувам како да сум дошол на друга планета. Не ми е јасно што се случува. ОВа сепак е Кремљ“, изјавил еден од активистите, чудејќи се што полицијата не реагира на вообичаениот начин кога станува збор за протест во близината на седиштетот на руските власти.
По демеквриските прламентарни избори на коишто победи пертијатѕа Единствена Русија на Владимир Путин, во Русија се случиај најмасовните протести во времето на неговото 12-годишно владеење. Меѓутоа, како што забележуваат западните медиуми, по неговат апобеда на претседателските избори од 4-ти март, руската разединета опозиција продолжува со протестите против Путин, но сѐ поретко и во сѐ помалубројно. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

