Свет
Турски премиер по 27 години во посета на Кина
Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган, во понеделник ќе пристигне во Пекинг, каде со официјални кинески преставници ќе разговара за унапредувањето на стопанските и политичките односи на двете земји, чии економии се наоѓаат во силен подем.
Посетата на Ердоган прва на еден премиер на Турција на Кина, по цели 27 години, таа следува по февруарската посета на Анкара, на кинескиот потпретседател Си Џиноинг. За време на таа посета двете земји потпишаа неколку договори вредни неколку милијарди долари. Кинеската агенција, Синхуа, наведува дека Ердоган во Кина доаѓа со 300 стопанственици, со надеж дека ќе ги заинтересира кинеските инвеститори, но и во обид да го зголеми турскиот извоз во Кина. Според Ердоган, двете земји, можат да соработуваат во енергетиката, градежништвото, банкарскиот сектор, телекомуникациите, наведува Синхуа. Турскиот премиер посетата на Кина ќе ја започне од Урумчи, главниот град на провинцијата Синџанг, во која живее муслиманското малцинство Ујгури, кои етнички се блиски со Турците. Провинцијата Синџанг во 2009 година беше поприште на големите судири помеѓу припадниците на Ујгурите, кои се мнозинство во тој регион и кои бараат поголема автономија и Кинезите. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

