Свет
Гневни селани во Кина усмртиле полицаец и раниле 15 други
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/528778d8-32c6-4722-a9dd-106d14b5cbbf.jpeg)
Гневни селани, кои што протестирале против работата на локална рударска компанија во југозападна Кина, нападнале припадниците на силите за безбедност со мачети и палки, при што еден полицаец загинал, а 15 се повредени.
До нередите дошло кога полицијата се обидела да ги убеди селаните да се разотидат, откако со денови протестирале пред зградата на локалната администрација во местото Женхе, во провинцијата, Јунан.„Ненадејно селаните извршија напад врз полицајците со мачети и дрвени палки, при што беа ранети 16 полицајци, од кој еден подоцна им подлегна на повредите, се вели во соопштението на локалните власти.Притоа се додава дека ниту еден од селаните не бил повреден во инцидентот.Претходно селаните се жалеле дека со отворањето на рудникот нивната земја била загрозена, поради што побараа надомест на штета. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за формирање нова коалициска влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bugarski-parlament.jpg)
Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за формирање нова влада, предложен од централнодесничарската партија ГЕРБ, што најверојатно ќе ја доближи земјата до нови избори, седми во последните три години.
Партијата ГЕРБ, која заврши на првото место на изборите во јуни, има 68 пратеници во Националното собрание со вкупно 240 места и затоа мораше да се обиде да создаде коалиција за составот на новиот кабинет.
Таа го избра Росен Жељазков, актуелниот претседател на парламентот, да ја води новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади меѓу 2009 и 2021 година, кога неговиот трет кабинет поднесе оставка по големите антикорупциски протести.
Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, тој не успеа да обезбеди доволна поддршка.
Претседателот на државата следниот мандат за формирање влада сега ќе го предаде на второто место на изборите – партијата МРФ.
Аналитичарите прогнозираат дека по неуспехот на првото гласање ќе биде тешко да се формира одржлива коалиција во овој парламент и дека најверојатната опција е одржување нови избори, кои само ќе ја продлабочат политичката криза во најсиромашната земја-членка на ЕУ.
Свет
Сојузниците на НАТО се договорија следната година да финансираат помош за Украина во износ од 40 милијарди евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/677z381_1-nato-logo.jpg)
Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина во износ од 40 милијарди евра следната година, изјавија денеска за Ројтерс двајца западноевропски дипломати.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од сојузниците да се обврзат да му пружат воена помош на Киев неколку години.
Беше одлучено и сојузниците од НАТО да направат два извештаи во текот на следната година за да одредат која земја што ќе и испорачува на Украина и сè да биде транспарентно, рече дипломатот.
Свет
Њујорк Тајмс: Бајден му призна на сојузникот дека е загрижен за неговата кандидатура
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/bajden1.jpg)
Весникот Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, по учеството на минатонеделната дебата со неговиот противкандидат Доналд Трамп, му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен дека можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура доколку не успее да ја убеди јавноста во следните неколку дена дека е способен да ја врши претседателската функција.
Извештајот на Њујорк Тајмс го опиша сојузникот на Бајден како „клучен“, но не го именуваше лицето, објави Ројтерс, истакнувајќи дека наслов во њујоршкиот дневен весник сугерира дека Бајден му рекол на својот сојузник дека размислува дали да ја продолжи претседателската кампања.
По објавувањето на извештајот, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс се огласи на социјалните мрежи за да ја негира точноста на овие тврдења, велејќи дека „тврдењето е апсолутно лажно“.