Свет
Би Би Си: Експлозија во Сирија, 70 загинати

Во голема експлозија во градот Хама, на југот на Сирија во средата загинаа 70 цивили, јави Би Би Си, повикувајќи се на тврдења на сириски активисти кои се борат за човекови права во таа земја на Блискиот исток.
Според државните медиуми, вчера во Хама загинаа 16 луѓе во експлозија во една куќа која е користена како „фабрика за вооружување на терористички групи“, како што ги нарекува режимот, вооружените припадници на опозициските групи.
Во опозициските сили, пак, тврдат дека експлозијата ја предизвикале сили на режимот кои го гранатирале тој град и дека бројот на жртвите се искачил на 70, јавува Би Би Си.
Ова не е прв пат да се објавуваат контрадикторни податоци за соработката на граѓаните на Сирија, сè зависи кој е извор на информацијата.
Според Обединетите нации во судирите кои почнаа во март минатата година досега настрадале повеќе од 9.000 луѓе.
Според владата во Дамаск во последните 13 месеци загинаа 3.838 луѓе, 2.493 цивили и 1.345 припадници на сириските безбедносни сили./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.