Свет
Првпат поништен договорен детски брак во Индија
Индијката Лаксми Саргара на 18-годишна возраст, успеала првпат во истроијата да добие поништување на брак кој бил договорен кога таа имала само една година.
Нејзиото семејство тогаш му ветило на семејството на тогаш тригодишно дете дека ќе ја дадат за жена, но таа кога пораснала никако не прифаќа да биде негова сопруга. До пред неколку седмици ни самата не знаела дека и’ е договорен брак. Кога дознала, решила да биде храбра и побарала помош од социјалните служби, макар и по цена да донеси срам за нејзиното семјество по што тие можат да се откажат од неа. Кога Лаксими дознала што и’ се подготвува и дека за неколку недели ќе треба да се пресели во домот на сопругот кој не го сака, тоа го соопштила на своето семејството. Кога семејството одбило да и’ помогне социјалниот работник специјализиран за правата на децата, тој успеал да го убеди младоженецот да го откаже и поништи брачниот договор. Притоа несудените младоженци потпишале правен документ со кој и официјално се разделуваат што е преседан во Индија, бидејќи го означува првото правно поништување на брак во историјата на Индија. Храбрата девојка со својат упорност сега е пример и за останатите девојки во Индија чии бракови ги договараат родителите. Во Индија договарањето брак е честа практика, особено во сиромашните семејства од селските средини. На тој начин семејството го симнува товарот да ја издржува девојката и ја дава на семејството на мажот. Многу често Индијките домот го напуштаат во тинејџерските години а од нив се очекува да се послушни пред мажот и неговото семејство./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

