Свет
Нови антирежимски протести во Сирија
Илјадници Сиријци протестирале во петокот во многу градови во земјата за да го поддржат бунтот кој со сила го задушува режимот на претседателот Башар ал-Асад, и покрај тоа што канцеларијата специјалниот пратеник за Сирија, Кофи Анан објави дека власта го спроведува неговиот мировен план.
Меѓутоа, САД и Франција, поради спорадичните судири кои продолжуваат, уште еднаш изразија сомневање во волјата на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад да се придржува до прекинот на огнот како една од главните точки на мировниот план на специјалниот претставник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.
Како што соопшти опозициска невладина организација, владините сили убиел десет цивили, меѓу кои и брачна двојка и нивното дете, во градовите Алепо, Хомс, и Хама, и покрај присуството на воените невооружени набљудувачи на ОН.
Како и секој март почнувајќи од март 2011 година, илјадници демонстранти се одѕвале на повикот на опозициските активисти искажувајќи поддршка на бунтот против режимот под мотото „нашата лојалност на револуцијата е нашиот спас“.
Според информации на опозициските активисти, во четвртокот владините сили извршиле напад врз универзитетскиот кампус во градот Алепо, убивајќи четири студенти и апсејќи околу 200, по протестите против режимот, прекинувајќи ја наставата до 13-ти мај.
За САД „ваквото делување, денеска вообичаено, јасно ја покажуваат незаконитоста на тој режим, и ја истакнува потребата од политички промени“, во Сирија каде што семејниот клан Асад доминира четири децении.
„Доколку режимот продолжи на вакво начин, меѓународната заедница ќе мора да ги признае поразот“ и да разгледа други мерки.
Официјален Париз коментира дека „Дамаск не ги почитува своите обврски и продолжува со репресијата“.
Портпаролот на Кофи Анан во Женева, пак, изјави дека планот „се спроведува“. „Кризата којашто очна пред повеќе од една година, не може да се реши за еден ден или седмица“, вели истакнувајќи Анан ќе го извести советот за безбедност на ОН за спроведувањето на мировниот план на 8-ми мај со видео-линк од Женева.
Според процените на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, од стапувањето на сила на прекинот на огнот, загинале околу 600 лица, претежно цивили./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

