Свет
Еден убиен и десетина ранети во судирите во Либан
Едно лице загинало, а десетици се ранети во обновените судири во понеделникот меѓу сунитските муслимани и алавитите (шиитска секта на исламот) во градот Триполи во северниот дел на Либан, јавија локалните медиуми.
Според Синхуа којашто се повикува на либанската државна телевизија, во судирите ранети се десет лица, додека Reuters наведува дека iима двајца загинати а бројот на повредени е повеќе од 20 луѓе.
Претходно либанските власти соопштија дека во неделата навечер воспоставила ред и мир во Триполи, каде што жестоки борби започнаа во саботата меѓу сириските муслимански фракции, во кои загинаа најмалку три лица.
Се претпоставува дека причината за насилството е апсењето во саботата попладне на сунитот Шахди Мавлави, под сомнение дека е припадник на „терористичка група“ којашто дејствува во соседна Сирија.
Повеќето од околу половина милион население на Триполи, вториот по големина град на Либан, се сунити. Покрај тоа, во градот живеат и околу 50 илјади алавити и извесен број христијани. Истовремено, Триполи е познат како бастион на конзервативниот сунитски ислам во Либан.
Конфликтот меѓу владата и опозицијата во соседна Сирија, често се одразува во северниот дел на Либан. Многу сунитски жители на Триполи се гневни поради операциите на Дамаск, за задушување на анти-владините протести. Од друга страна, пак, либанските алавити, чиишто истоверци доминираат во власт во Сирија, го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Либанските алавити активно ги поддржа активностите на Сирија во Либан за време на либанската граѓанска војна (1975-1990 година). Во 1980-те години Триполи беше арена на жестоки борби меѓу сириската армија и поддржаните од нив алавити, од една страна, и сунитските фракции од друга страна.
Сириската армија навлезе во Либан во 1976 година по избувнувањето на граѓанската војна во оваа земја, и ја напушти во 2005 година. И покрај ова, сириското влијание во Либан сé уште е големо, официјален Дамаск особено го поддржува либанското шиитско движење Хезболах./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

