Свет
Штрос-Кан ја тужи собарката и бара одштета од милион долари
Поранешниот шеф на ММФ, Доминик Штрос-Кан поднесе тужба за лажни изјави, клевета и злоупотреба на правосудството против собарка, која што го обвини за силување во њујоршкиот хотел Софител, пренесе Франс прес.
Тужбата е поднесена до судот во Бронкс, а Штрос-Кан од гвинејската собарка Нафисату Диало бара милион долари, обвинувајќи ја дека „сосема свесно и намерно на органите на редот им дала лажна изјава и му наштетила на неговиот углед, поради што загубил одредени деловни можности“.Штрос-Кан потсетува дека во време на збиднувањата во њујоршкиот хотел пред една година, многумина го сметале за „иден француски претседател“.Во обвинувањето на Штрос-Кан се истакнува дека на 14 мај 2011 година во наведениот хотел имал полов однос со Диало, но „врз доброволна основа“, без принуда и насилство. Притоа Штрос-Кан додава дека физички не ја повредил собарката, која подоцна ја излажала полицијата и пријавила дека била силувана, иако знаела дека тоа не е вистина. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

