Свет
Во американски напад во Пакистан убиени 10 луѓе

Десет лица се убиени во четврток во напад на американско беспилотоно летало врз муслимански милитанти во северозападниот дел на Пакистан, соопштија пакистанските тајни служби.
Нападот, како што сметаат посматрачите, би можел да ги засили тензиите во односите меѓу Исламабад и Вашингтон, кога станува збор за коридорот преку кој НАТО ги снабдува силите во Авганистан.
Беспилотното летало целеше во комплекс во село во северен Вазиристан во кој наводно се наоѓале милитанти, само еден ден откако во истиот регион во сличен напад беа убиени четворица наводни милитанти.
САД во повеќе наврати го повикаа Пакистан да ги засили нападите на Северен Вазиристан за да се елиминира милитантната мрежа Хакани, која дејствува од соседен Авганистан. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред неговиот долгоочекуван самит со Доналд Трамп во Алјаска.
#Putin on the way to #Alaska now , #Russian Presidential convoy moving through the streets of #Magadan in Eastern #Russia . pic.twitter.com/ikoUWlxeA1
— Ninjamonkey 🇮🇳 (@Aryan_warlord) August 15, 2025
Снимката покажува долга редица црни возила што се движат со голема брзина по патот, опкружени со полициски автомобили и по нив следува нешто што изгледа како амбулантно возило.
Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.