Свет
ОН ја осуди сириската влада за нападот на Хула
Советот за безбедност на Обединетите нации во неделата доцна навечер едногласно ја осуди сириската влада за артелерискиот напад врз градот Хула во кој загинаа најмалку 108 луѓе од кои околу 30 деца, сооопшти претседателот на Советот за безбедност.
„Советот за безбедност најосторо ги осуди убиствата, кои ги потврдија набљудувачите на ОН, на десетина мажи, жени и деца, како и ранувањето на стотина луѓе во Хула, недалеку од Хомс, во нападот на владините сили кои вклучуваа и употреба на артилерија и тенковско гранатирање врз станбените населби“, се наведува во необврзувачката изјава на Сoветот за безбедност, што ја цитира Reuters.
„Советот, исто така, ги осудива убиствата од огнено оружје од непосредна близина и по тешко злоставување“, се додава во изјавата којашто по тричасовниот вонреден состанок го прочита вршителот на должноста претседавач со Своетот, азарбејџанскиот претставник Тофиг Мусаев.
Норвешкиот генерал Роберт Муд, кој е шеф на мисијата на воените невооружени набљудувачи со мандат на ОН во Сирија, го извести преку видеоврска Советот за безбедност дека во Хула загинале најмалку 108 луѓе, а околу 300 се ранети, известија дипломатски извори.
Жртвите биел погодени „со делови од гранати“ или се убиени „од непосредна близина“, изјавил генералот Муд.
Сириската влада во неделата попладне ги отфрли обвинувањата за инволвираност на армијата во масакрот во Хула, рече претставник на сириското министерство за надворешни работи Џихад Макдеси.
„Ние целосно негираме каков и да е вид на инволвираност на власта во овој терористички масакр извршен против цивили. Беа убиени деца, жени и старци. Сириската армија не дејствува така“, изјави Макдеси за новинарите акредитирани во сириската престолнина Дамаск.
Тој додал дека владата формирала комисија да ги испита настаните во градот Хула. Според Макдеси, уште во понеделник во Сирија ќе се врати специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

