Свет
Нови судири во Сирија, најмалку 86 мртви

Најмалку 86 лица се убиени во најновите судири што избија во четвртокот во сириската провинција Хама, а меѓу настраданите има и жени и деца.
За одговорноста за инцидентот меѓусебно се обвинуваат опозициските активисти и приврзениците на претседателот Башар ал -Асад.Невладините организации тврдат дека владините сили убиле најмалку 86 лица, а Би-Би-Си јави дека во селите Кубаир и Марзаф биле убиени над 20 деца и над 20 жени.Од друга страна, сириската државна телевизија извести дека „војниците пронашле тела на цивили по нападот на терористите“.Русија го осуди денеска новиот „варварски“ масакр во провинцијата Хама и оцени дека станува збор за „провокација“ со цел да пропадне мировниот план на специјалниот пратеник Кофи Анан.„Нема никакво сомневање дека некој сили користат најбрутални и најсрамни провокации со цел да го загрозат планот на Анан. Најсилно ги осудиваме варварските акти на насилство во регионот Хама, се вели во руската рекација. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Експлозија во кафуле во Мадрид, 14 повредени

Во експлозија во кафуле во шпанската престолнина Мадрид во саботата, 14 лица беа повредени, од кои едно потешко, соопштија службите за итни случаи.
Експлозијата се случила во 15 часот во мадридската населба Ваљекас, според службите за итни случаи.
Причината за експлозијата сè уште не е позната.
Свет
(Видео) Новинар: Како се справувате по смртта на Кирк? Трамп: Многу добро, градиме сала за бал

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, беше уапсен во четврток навечер и јавно идентификуван во петок.
Тој беше уапсен во четврток навечер околу 22 часот по локално време по 33-часовна потера, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прашан од новинарите пред Белата куќа како се чувствува.
„Господине претседателе, мое сочувство. Мое сочувство за загубата на вашиот пријател Чарли Кирк. Како се справувате во последниот ден и половина, господине?“, го праша новинарот Трамп.
„Мислам, многу добро. Патем, ги гледате ли сите тие камиони таму? Тие штотуку почнаа со изградба на новата балска сала за Белата куќа, што е нешто што се обидуваат да го добијат, знаете, околу 150 години. И ќе биде прекрасна. Апсолутно величествена градба. Само што почнавме, па ќе биде многу убаво завршена. И всушност ќе биде една од најдобрите во светот“, одговори Трамп.
“My condolences on the loss of your friend Charlie Kirk. How are you holding up?” – Reporter
“I think very good. And by the way, you see all the trucks? They just started construction of the new ballroom for the White House.” – Donald Trump
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) September 12, 2025
Чарли Кирк, 31, беше контроверзна фигура во американската политика, која многумина ја сметаат за иднината на конзервативизмот поради неговата способност да ги мотивира младите луѓе. Тој беше клучен организатор во коалицијата МАГА на Доналд Трамп и помогна Трамп да се врати во Белата куќа за втор мандат.
Кирк беше силен застапник на правата за оружје, жестоко се спротивставуваше на абортусот, ги критикуваше правата на трансродовите лица и промовираше лажни тврдења за Ковид-19. Неговите ставови предизвикаа поларизација на универзитетите, каде што неговите провокативни говори привлекоа и бројни поддржувачи и гласни противници.
Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.