Свет
Судири околу позициите на републиканската гарда во Сирија
Судири со голема жестокост избувнале во вторникот околу позициите на сириската републиканска гарда во предградие на главниот град Дамаск.
Сириската армија се судрила со припадниците на вооружената опозиција осум километри до центарот на престолнината Дамаск, во предградијата Кадсаи ал-Хами, каде што се позициите на републиканската гарда, елитните единици кои се задолжени за безбедноста на главниот град и неговите предградија, јавува AFP повикувајќи се на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
„Ваквиот развој на настаните е важен бидејќи станува збор за најжестоките судири во таа зона која е блиску до главниот град. Првпат режимот употребува тешка артилерија во судирите толку близу до главниот град“, изјави директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман, кого најчесто го цитираат западните медиуми.
За разлика од нив, руското министерство за надворешни работи истакна дека е проблематична компетентноста на извештаите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, што според Москва фрла сомнеж врз веродостојноста на информациите, бидејќи во OSDH според нив работат само двајца луѓе (директор и секретар преведувач), а директорот Рами Абдел Рахман наводно е со само основно образование кој живее во Лондон и поседува ресторан.
Западните медиуми нагласуваат дека до ваков развој на настаните доаѓаат откако се разгорува војната со зборови меѓу Турција и Сирија, по соборувањето на турскиот воен авион од страна на сириската војска, и го обвини режимот на Башар ал-Асад својот поранешен сојузник кому му заврти грб поп опозициските протести и обидот тие со сила да бидат задушени, и го обвини за „непријателски чин од највисоко ниво“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

