Свет
Напнатост на турско-сириската граница
Сириски воени хеликоптери неколкупати во неделата долетале до близината на границата со Турција којашто одговори со испраќање во тој регион на свои борбени авиони, соопшти турската армија.
Генералштабот на турските оружени сили нагласува дека ниту еднаш не дошло до нарушување на суверенитот на турскиот воздушен простор. Сириските хеликоптери летале над подрачјето околу шест километри оддалечено од границата, а турската армија како мерка за безбедност од воздухопловната база Инчирлик кон границата упатила четири авиони од типот „F-16“.
Уште два авиоа полетале од база на југот на Турција кога сириските хеликоптери дошле во близина на границата, се додава во соопштението обајваена на интернет страницата на турската армија,
Тензиите меѓу Турција и Сирија се зголемија откако на 22-ри јуни сириската противвоздушна одбрана. Tурција распореди војници по должината на својата граница со Сирија, во време на тензии меѓу двете земји откако сириската противвоздушна одбрана собори турски борбен авион за кој тврди дека го нарушил нејзиниот територијален простор.
Иако претходно изјави дека Турција нема намера со никого да војува но дека ќе преземе остри мерки во однос на соборувањето на нејзиниот воен авион од страна на сириската армија, премиерот Реџеп Таип Ердоган на 26-ти јуни издаде наредба да се реагира на каква и да е сириска закана во близина на границата.
Според турските медиуми, Анкара распоредила конвој од 30 воени возила, вклучувајќи и камиони натоварени со ракетни батерии. Според информациите големиот конвој го напуштил градот Искендерун во покраината Хатај. Неколку возила, исто така, биле распоредени во пограничниот град Рејханли.
Покрај инцидентот од 22-јуни со извидувачкиот авион од модифицираниот тип американски ловци „RF-4E Phantom“ Анкара го обвини Дамаск дека неговите сили отвориле оган и врз уште еден авион кој учествувал во потрагата по двајцата исчезнати пилоти, а на 24-ти јуни Сирија објави дека нејзините граничари се судриле терористичка група којашто се уфрлила од територијата на соседна Турција.
Извидувачкиот авион на турските воздухопловни сили од американскиот тип „RF-4E Phantom“ кој на 22-ри јуни полета од воздухопловната база Ерхач во југоисточната провинција Малатија, по половина час исчезна од радарите при надлетувањето на Средоземното Море, блиску до југоисточната покраина Хатај на границата со Сирија, беше соборен од страна на сириската противвоздушана одбрана. Сирија соопшти дека соборила турски авиони над нејзините територијални води по неговото навлегување во нејзиниот воздушен простор. Турција тврди дека авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор, а дека неговите фрагменти паднале во територијалните води на Сирија. Според Анкара, авионот бил на тренажен лет чија цел била да го тестира турскиот радарски систем, не бил вооружен и неговата мисија не била насочена против Сирија, којашто наводно била запознаена со летот, но не го предупредила екипажот за акцијата што има намера да ја преземе против леталото, како што бара меѓународното право.
Турција и Сирија споделуваат заедничка граница во должина од 900 километри. Иако од двете страни по инцидентот следеа изјави дека не се непријателски настроени една кон друга, аналитичарите истакнуваат дека опасноста од судири на границата меѓу двете држави е сé поголема.
Турција заедно со западните и арапските земји им дава поддршка на сириските опозициски сили во 15-месечните напори да го собори од власта претседателот Башар ал-Асад. На турска територија прибежиште под закрила на официјална Анкара најдоа бунтовниците од редовите на Сириската слободна војска и е обезбедено и сместување на илјадниците сириски бегалци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

