Свет
Исламските радикали уништија уште еден споменик на исламската култура во Мали
Радикалните исламисти уништија уште еден споменик на културата во градот Тимбукту во северниот дел на Мали, јави во понеделникот AFP.
„Исламистите пристигнаа и почнаа да го уништуваат влезот на џамијата во Тимбукту. Тие ја разурнаа вратата на светилиштето, којшто секогаш е отворена“, се повикува агенцијата на сведоштво на очевидец.
Уништување на спомениците започна во Мали минатата седмица. Во саботата припадници на радикалното исламистичко движење Ансар ал-Дин (Бранителите на верата) го уништија мавзолејот на шеикот Махмуд во Тимбукту и две други гробници на важни свети личности за исламот. Тие изјавија дека имаат намера да ги уништи сите 16 гробници коишто се вброени во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.
Непосредно пред инцидентот од понеделникот, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за време на својот состанок го смени статусот на градот Тимбукту и гробницата Аскиа во северно Мали, вклучувајќи ги во листата на загрозеното светско наследство. Поради загриженоста дека овие споменици на културата може да бидат ограбени, Комитетот, исто така, побара да се преземе акција за да се спречи илегален извоз на културни добра од зоната на конфликтот.
Тимбукту е град во северниот дел на Мали, каде што се наоѓаат голем број споменици на Светското наследство на УНЕСКО. На листата на ваквите објекти се вклучени три џамии, главната медреса на Тимбукту, и 16 мавзолеи во коишто се погребани личности почитувани во муслиманскиот свет.
Во почетокот на април, бунтовниците од племето Туарези прогласија независност на регионот Азавад во северниот дел на Мали. Сепак, соседните африкански земји, вклучувајќи ги и Алжир, одбија да ја признаат независноста на северниот дел на Мали. Истовремено во регионот се засилија дејствувањата на различни исламистички групи, особено на „Еднобошци и џихад“ и „Ансар ал-Дин“. Последните неколку дена стигнуваат информации за оружени судири меѓу групациите на Туарезите и други исламистички групи во Азаваде./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

