Свет
Русија во првата половина на 2012 извезла оружје во вредност од 6,5 млрд. долари
Русија во првите шест месеци од 2012 година извезла оружје и воена опрема за 6,5 милијарди долари, соопшти во понеделник рускиот претседател Владимир Путин.
„Извозот на руско воено производство надмина 6,5 милијарди долари во првите шест месеци на 2012 година, што е пораст од 14 отсто во однос на истиот период лани“, рече Путин, пренесуваат руските агенции.
Според него, Русија сега е на второто место во светот според извозот на оружје, веднаш зад САД.
Рускиот извоз на воена опрема во 2011 година достигна сума од 13,2 милијарди долари. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

