Свет
Асад: Турскиот авион беше соборен во воздушниот простор на Сирија
Турскиот извидувачки авион кој беше соборен на 22-ри јуни, од сириската противвоздушна одбрана бил во воздушниот простор на Сирија, а сириската страна утврдила дела леталото е од Труција дури по инцидентот, вели сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто за весникот Cumhuriyet.
„Авионот беше во воздушниот коридор кој постојано го користат израелските авиони Офицерот го соборил авионот, откако не бил забележан на радар и немало никакви информации за него. За тоа дека авионот и’ припаѓа на Турција, дознавме подоцна“, вели сирискиот претседател Башар ал-Асад за турскиот дневен весник, изразувајќи големо жалење за инцидентот кој предизвика тензии меѓу двете земји, меѓутоа додавајќи дека „земја којашто е во војна секогаш така реагира“ .
„Би сакал да не го соборевме (авионот – з.р)“, вели Асад додавајќи дека турскиот авиони летал на многу ниска надморска височина и бил погоден од „мала батерија на воздушен одбранбен ракетен систем“, која може да погоди цел на оддалеченост најмногу до 2,5 километри.
Истовремено сирискиот претседател вели дека Дамаск ќе испрати официјално извинување до Анкара, доколку, како што тврди турската страна, авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор.
Извидувачкиот авион на турските воздухопловни сили од американскиот тип „RF-4E Phantom“ кој на 22-ри јуни полета од воздухопловната база Ерхач во југоисточната провинција Малатија, по половина час исчезна од радарите при надлетувањето на Средоземното Море, блиску до југоисточната покраина Хатај на границата со Сирија, беше соборен од страна на сириската противвоздушана одбрана. Сирија соопшти дека соборила турски авиони над нејзините територијални води по неговото навлегување во нејзиниот воздушен простор. Турција тврди дека авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор, а дека неговите фрагменти паднале во територијалните води на Сирија. Според Анкара, авионот бил на тренажен лет чија цел била да го тестира турскиот радарски систем, не бил вооружен и неговата мисија не била насочена против Сирија, којашто наводно била запознаена со летот, но не го предупредила екипажот за акцијата што има намера да ја преземе против леталото, како што бара меѓународното право.
Тензиите меѓу Турција и Сирија потоа се зголемија. Tурција распореди војници по должината на својата граница со Сирија.
Иако претходно изјави дека Турција нема намера со никого да војува но дека ќе преземе остри мерки во однос на соборувањето на нејзиниот воен авион од страна на сириската армија, премиерот Реџеп Таип Ердоган на 26-ти јуни издаде наредба да се реагира на каква и да е сириска закана во близина на границата.
Според турските медиуми, Анкара распоредила конвој од 30 воени возила, вклучувајќи и камиони натоварени со ракетни батерии и ракети „стингер“. Според информациите, големиот конвој го од градот Искендерун во покраината Хатај бил распореден во пограничниот град Рејханли.
Во меѓувреме турската страна неколкупати упатуваше борбени авиони кон границата со Сирија по информациите дека во пограничната област летаат сириски борбени хеликотпери.
Сирискиот претседател, исто така, во интервјуто за турскиот весник Cumhuriyet, истакнува дека по минатогодишното назначување за нов началник на турскиот Генералштаб, односот меѓу министерствата за одбрана на двете земји биле прекинати.
„По промената на началникот на Генералштабот на Турција, владата му забрани да одржува комуникацијата со нас. Ние сега дури немаме ниту телефонски број на кој и да е турски командант, со кој може да контактираме во итен случај. Ако односите не беа прекинати, ние без негативни ефекти ќе го разрешевме проблемот“, вели Асад.
Турција и Сирија споделуваат заедничка граница во должина од 900 километри. Иако од двете страни по инцидентот следеа изјави дека не се непријателски настроени една кон друга, аналитичарите истакнуваат дека опасноста од судири на границата меѓу двете држави е сé поголема.
Турција заедно со западните и арапските земји им дава поддршка на сириските опозициски сили во 15-месечните напори да го собори од власта претседателот Башар ал-Асад. На турска територија прибежиште под закрила на официјална Анкара најдоа бунтовниците од редовите на Сириската слободна војска и е обезбедено и сместување на илјадниците сириски бегалци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos
Свет
Руте: НАТО нема да учествува во воените операции против Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воени операции против Иран и дека станува збор за кампања што ја предводат САД и Израел.
„Не, ова е јасно кампања што ја предводат Американците и Израелците“, изјави Руте за Би-Би-Си, одговарајќи на прашање дали силите на НАТО ќе бидат вклучени.
Тој додаде дека сојузниците на НАТО и пријателите во регионот се соочуваат со, како што рече, неселективни напади од Иран и дека Европа апсолутно ги поддржува американските потези, оценувајќи дека Иран претставува закана за Европа, Израел и поширокиот регион.
Руте посочи дека имал повеќе разговори со американски претставници и дека Вашингтон и НАТО тесно координираат, но одби да открие дали однапред знаел за нападите.
Изјавата доаѓа во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, со меѓусебни ракетни и дрон-напади и вклучување на Хезболах во борбите од јужен Либан.

