Свет
Ки-Mун и Анан го убедуваат Советот за безбедност да преземе мерки во однос на Сирија
Генералниот секратер на ОН и неговиот специјален пратеник за Сирија, Кофи Анан го повикаа Советот за безбедност на да се закани со можни последици поради продолжувањето на борбите и убиствата на цивилите во земјата во која 16 месеци се водат крвави борби меѓу власта и опозицијата.
Директен повод за обраќањето на специјалниот претеник за Сирија на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан во петокот навечер беше масакрот во селото Тремсех од петокот наутро, а во писмото испратено до Советот за безбедност на ОН, Анан се задржува на повторното користење на хеликотперите, тешкото вооружување и артилеријата во борбите кај селото во западната покраина Хама, со што се кршат обврските на Дамсак ветени во врска со неговиот мировен план.
„Трагично, сега имаме уште еден потсетник за тоа дека резолуцијата на Советот за безбедност и натаму се крши“ го цитира Reuters дел од писменото обраќање на Анан до Советот за безбедност на ОН, во кое агенцијата наведува дека се истакнува оти во средата го повикал Советот за безбедност да испрати порака на предупредување за тоа дека за непочитување на одлуките ќе се трпат последици.
„Тоа е императивот кој би требало што поитно да биде реализиран во атмосферата на поледните случувања“, се додава во писмото на Анан.
„Ја осудувам ескалацијата на насилството во најостра форма … и го повторувам мојот повик до земјите членки на Советот да инсистираат на спроведувањето на неговта резолуција и да ги преземат неопходните колективни мерки во согласност со Повелбата на ОН“, се вели во писмото на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун до Советот што го цитира РИА Новости.
Во моментов, во Советот за безбедност се разгледуваат две нови нацрт-резолуции, британската која одржи закани за воведување санкции за Сирија доколку веднаш не престанат борбите и убивањата на цивили, – и руската којашто предлага продолжување на набљудувачка мисија во земјата и наложување дијалог меѓу власта и опозицијата поради зачувување на сириското општество во целина.
Ноќта кон петокот претставници на различни сириски опозициски групи известија дека, како резултат на бомбардирањето на селото Тремсех од страна на владината армија на Сирија според различни процени загинале меѓу 100 и 220 цивили. Сириската државна агенција SANA, пак, соопшти дека во битката за контрола над селото загинале тројца војници. Одговорноста за масакрот државната сириска телевизија ја префрли врз „вооружените терористички групи“.
Во петокот, агенцијата SANA објави дека во „терористичките напади“ врз Тремсех загинале повеќе од 50 луѓе. Подоцна набљудувачи на мисијата на Обединетите нации во Сирија објавија дека борбата во селото продолжиле, со употреба на хеликоптери и тешко оружје.
Подоцна во петокот AFP пренесе дека опозициската Слободна сириска армија (ССА) соопшти дека речиси сите загинати во селото Тремсех во западната сириска провинција Хама, биле припадници на анти-владините вооружени групи.
Оваа информација во изјава за AFP ја потврдил и претставник на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон. чии информации западните медиуми ги сметаат за веродостојни, додека руското министерство за надворешни работи ја проблематизира валидноста на неговите информации изразувајќи сомнеж во компетентноста на првите луѓе на Опсерваторијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Научниците контра Трамп: Парацетамолот е безбеден за време на бременост
Употребата на парацетамол за време на бременоста – популарен аналгетик, познат под името Тајленол (Tylenol) во САД – е безбедна, објави група европски истражувачи откако ги анализираше најдобрите достапни научни докази. Истражувањето беше реакција на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата година тврдеше дека лекот е поврзан со развој на аутизам кај децата.
Во текст објавен во саботниот број на британското стручно списание The Lancet Obstetrics, Gynecology & Women’s Health, истражувачите нагласуваат дека нивниот фокус бил на најквалитетните податоци, токму за да ги разјаснат спорните тврдења.
Главната авторка на студијата, професорката Асма Халил од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон, изјави: „Парацетамолот е безбеден за употреба во бременост ако се користи според препораките.“
Таа додаде дека нема докази за причинско-последична врска помеѓу употребата на парацетамол и развој на аутизам, АДХД (пореметување на внимание и хиперактивност) или интелектуални нарушувања кај децата.
Изјавата на Трамп од септември 2025 година, во која тој ги советуваше бремените жени да не користат Тајленол, предизвика бурна реакција на медицинската заедница која неговите тврдења ги оцени како неосновани и штетни.
Парацетамолот е единствениот лек против болка кој се смета за безбеден во бременост, а лекарите и претходно препорачуваа да се користи во најмала можна доза и во најкус можен временски период – особено при висока температура, која може да биде ризична и за трудницата и за фетусот.
Истражувачкиот тим спроведе систематски преглед и мета-анализа на 43 достапни студии. Особено внимание посветиле на три големи истражувања што ги споредувале здравствените состојби на деца од иста мајка – во една бременост таа користела парацетамол, а во друга не. Така се земале предвид генетските и семејните фактори.
Резултатот: не е утврдена значајна поврзаност меѓу употребата на парацетамол и појавата на ниту едно од испитуваните нарушувања. Ова важи и по спојување на податоците од студиите со вкупно над еден милион деца.
Халил истакна дека многу од студиите на кои се повикувале претставниците на Трамп биле пристрасни или методолошки слаби, и дека не ги земале предвид збунувачките фактори.
Професорката Грејн Макаланан од Кингс колеџ во Лондон, која не учествувала во студијата, изјави дека резултатите се мошне уверливи и изрази надеж дека конечно ќе стави крај на недоразбирањата.
Свет
Стејт департментот со остра порака до Иран: „Одмаздата ќе биде многу, многу моќна“
Стејт департментот на САД реагира на изјавите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „криминалец“.
Во пораката на Стејт департментот се наведува дека САД се свесни за можните планови на Исламската Република за напади врз американски бази и дека предупредуваат на жестока одмазда.
„Како што претседателот Трамп повеќепати потенцираше – сите опции се на маса. Ако режимот на Исламската Република нападне американска имот или интерес, ќе се соочи со сила што е многу, многу моќна. Ова го кажавме и претходно, го повторуваме: Не играјте си со претседателот Трамп“, стои во објавата на Стејт департментот.
Изјавата следи откако иранскиот лидер Хамнеи го нарече Трамп „криминалец“, обвинувајќи го за штета, клевети и жртви што, според него, им се нанесени на Иранците за време на протестите низ земјата.
Свет
Градоначалник од Јапонија ги нарекувал соработниците „идиоти“ и „човечки отпад“, јавно се извини откако градски службеник ги обелодени навредите
Градоначалникот на јапонскиот град Јокохама, Такехару Јаманaка, се извини откако беше обвинет за вербално малтретирање на соработниците, нарекувајќи ги „идиоти“ и „човечки отпад“, пренесе Би-Би-Си.
На прес-конференција, директорот на градската служба за човечки ресурси, Џун Кубота, изјави дека градоначалникот Јаманaка повеќепати користел навредливи изрази кон вработените, вклучително и кон него лично. Според Кубота, Јаманaка ги нарекувал службениците „бескорисни“, „глупави“ и „неквалитетни“, давал коментари за нивниот изглед и ги споредувал со животни.
Кубота го обвини и за закана, посочувајќи дека му било кажано дека треба да изврши „сепуку“ – ритуално самоубиство – доколку не успее да обезбеди кандидатура на градот за една меѓународна конференција. Тој побара јавно извинување и иницирање на истрага. Во Јапонија е исклучително невообичаено активен градски службеник да го обвини актуелниот градоначалник.
Првично, Јаманaка ги негираше обвинувањата на својата лична веб-страница, но подоцна јавно призна дека ги изговорил зборовите „идиот“ и „човечки отпад“, и се извини. „Искрено сакам да се извинам што го оптоварив директорот на човечки ресурси“, изјави тој.
Објасни дека изјавите биле дадени во контекст на разговори за оценување на вработените. „Ќе размислам за сè. Ќе внимавам повеќе на моите зборови и однесување“, додаде. Сепак, Јаманaка ги негираше обвинувањата дека давал коментари за изгледот на соработниците.
Најави дека се разгледува можноста за истрага која ќе ја надгледува заменик-градоначалникот, и рече дека искрено ќе соработува доколку биде спроведена.
Кубота, како реакција на извинувањето, изјави дека Јаманaка негира дел од изјавите кои навистина ги дал. „Градоначалникот ништо не разбира. Не можам да го прифатам ова како извинување. Сакам да се промени“, порача Кубота.

