Свет
Клинтон бара реформи во Нигерија
Американската државна секретарка Хилари Клинтон во четвртокот со претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан разговарала за неопходноста од спроведување на реформи во богатата со нафта африканска земја во која расте исламскиот радикализам.
Нигерија е најнаселената земја во Африка, со 160 милиони жители и е главниот снабдувач на САД со нафта, меѓутоа се соочува со растечкиот исламски радикализам. Особено е активна групата Боко Харам којашто делува во северниот дел од земјата.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон по допатувањето изјави дека верува во „светлата иднина“ на Нигерија, а како најважна работа истакна дека „сите Нигеријци, од сверот до југот, и од истокот до западот, треба да ја добијат својата шанса за подобар живот“. Изарази загриженост поради екстремната сиромаштија на северот од Нигерија.
„Сакаме да соработуваме со вас и ќе бидеме поркај вас кога ќе ги спроведете реформите и ќе ги донесете тешките одлуки коишто се наметнуваат“, порача Клинтон.
Бранот насилство ја зафати Нигерија од мај 2011 година кога на претседателските избори победи христијанинот Гудлак Џонатан кој доаѓа од западниот дел од земјата. Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири недоразбирањата и тензиите.
Во сојузната нигериска држава Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население, од пред десет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Боко Харам е бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларна модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на ОН во главниот град Абуџа.
Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.
Во јануари 2011 година во четиридневните насилства, според официјалните податоци, биле убиени 326 луѓе во Хос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.
Во март 2011 година, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите се случија во близината на градот Џос. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртви на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 година кога загинаа најмалку 326 луѓе.
Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 година. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.
Претседателот Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани. Според податоците од државната изборна комисија тој доби 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателската функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освои 31 отсто од гласовите.
Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“ и други нафтени компании.
Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено и во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население.
Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.
Свет
Сопругата на Ноам Чомски се извини за тешката грешка во врска со Епстин
Ноам Чомски и неговата сопруга Валерија направиле „тешка грешка“ и биле „непромислени“ што не го истражиле доволно добро минатото на Џефри Епстин, наведе Валерија Чомски во опширна изјава. Таа додаде дека покојниот финансиер ги измамил и манипулирал со нив. Односот на 97-годишниот лингвист и филозоф со Епстин е под лупа откако документите на американското Министерство за правда открија нови детали за нивното пријателство.
Кога Епстин во 2019 година се соочи со обвиненија за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, побарал совет од Чомски како да реагира.
„Гледав како грозно се однесуваат со тебе во медиумите и јавноста. Болно е да се каже, но мислам дека најдобро е само да продолжиш да ги игнорираш“, напишал Чомски во пораката потпишана со „Ноам“, која Епстин потоа ја проследил на соработник.
„Она што лешинарите најмногу го посакуваат е јавна реакција – тоа им овозможува простор за отровни напади, од кои многу доаѓаат од обични ловци на публицитет или разни чудовишта“, напишал Чомски.
„Тоа е особено точно сега, со хистеријата околу злоупотребата на жените, која достигна до точка каде што самото преиспитување на обвинението е полошо од убиство.“
Ноам Чомски е еден од неколкуте истакнати личности за кои се откри дека биле во пријателски односи со Епстин и по неговото признавање вина во 2008 година. Некои од пораките на Чомски до Епстин датираат и по 2018 година, кога „Мајами хералд“ објави истражување со детали за тоа како Епстин злоупотребувал малолетни девојчиња и како успеал да добие невообичаено блага спогодба во 2008 година.
Валерија Чомски признала дека ја прочитале таа приказна, но тврди дека не биле свесни за вистинскиот обем на злосторствата на Епстин сè до неговото второ апсење во јули 2019 година.
„Бевме непромислени што не го истраживме неговото минато. Тоа беше тешка грешка и поради таа лоша проценка се извинувам во име на двајцата. Ноам, пред мозочниот удар, ми рече дека се чувствува исто“, изјавила таа. Чомски доживеал тежок мозочен удар во 2023 година.
„Беше длабоко вознемирувачко за двајцата да сфатиме дека сме се дружеле со некој кој се претставувал како услужен пријател, а водел таен живот полн со криминални, нечовечки и изопачени дела.“
Валерија Чомски, втората сопруга на лингвистот со која е во брак од 2014 година, рече дека советот што нејзиниот сопруг му го дал на Епстин во 2019 треба да се гледа „во контекст“.
„Епстин му тврдеше на Ноам дека е неправедно гонет, а Ноам зборуваше од своето искуство со политички контроверзии во медиумите. Епстин ја создаде својата манипулативна верзија на случајот, во која Ноам со добра волја поверува“, напиша таа. „Сега е јасно дека сè било оркестрирано – со барем една намера на Епстин да го искористи Ноам за да го поправи сопствениот углед.“
„Критиката на Ноам никогаш не била насочена кон женското движење; напротив, тој отсекогаш ја поддржувал родовата еднаквост и правата на жените. Епстин ја искористи неговата критика на таканаречената „култура на откажување“ за да се претстави себеси како нејзина жртва“, додала Валерија.
Во други пораки што ги објави Министерството за правда, Епстин разменува вулгарна шега со Чомски, а Чомски „мечтае за карипски остров“. Валерија потврди дека таа и сопругот присуствувале на вечери во куќата на Епстин во Њујорк, престојувале во негови станови во Њујорк и Париз, вечерале на неговиот ранч во Ново Мексико и учествувале на неколку академски собири со него. Таа нагласи дека „никогаш не отишле на неговиот остров, ниту пак знаеле што се случувало таму“.
Двојката го запознала Епстин во 2015 година и, според Валерија, не знаеле за неговата осуда од 2008 за поттикнување на малолетничка на проституција. Таа рече дека Епстин се претставувал како филантроп заинтересиран за науката.
„Претставувајќи се така, Епстин го привлече вниманието на Ноам и почнаа да се допишуваат. Несвесно му ги отворивме вратите на тројанскиот коњ“, рече таа. „Епстин почна да ткае мрежа околу Ноам – праќаше подароци, организираше интересни разговори за теми што го интересираа Ноам. Жал ни е што не сфативме дека тоа беше стратегија за да нѐ фати во замка и да ги поткопа идеалите за кои се бореше Ноам.“
Валерија Чомски објасни и две финансиски трансакции. Епстин еднаш му пратил на Чомски чек од 20.000 долари како поддршка на лингвистички предизвик што го смислил Чомски. Потврди и дека Епстин му помогнал на Чомски да поврати 270.000 долари откако открил „недоследности во своите пензиски фондови што му ја загрозиле економската независност и му предизвикале голема вознемиреност“.
„Епстин понуди помош и ја даде – најверојатно како дел од својата стратегија да добие поголем пристап до Ноам. Сепак, дејствуваше исклучиво како финансиски советник во таа конкретна ситуација. Колку што знам, Епстин никогаш немал пристап до нашите банкарски или инвестициски сметки.“ Таа нагласи дека ниту еден од нив, ниту поединечно ниту како двојка, немал инвестиции преку канцеларијата на Епстин.

