Свет
Пентагон негираше поддршка на Ал-Каеда на опозицијата во Сирија
Терористичката организација Ал Каеда не е директно поврзана со сириската опозицијата, додека Иран дава директна поддршка за сириските власти во борбата против антивладините бунтовници, изјави шефот на здружената команда на американските вооружени сили, генерал Мартин Демпси.
Претходните месеци, претставници на американските разузнавачки служби и на Стејт департментот соопштија дека во редовите на сириската опозицијата има терористи, вклучувајќи и припадници на Ал Каеда.
„Имаше информации дека Ал Каеда е присутна во Сирија, но тоа не е поврзано со опозицијата. Таа се обидува да направи база во Сирија, но организацијата не е директно поврзана со опозицијата. Истовремено, Иран директно е поврзан со режимот“, изјави генералот Демпси на прес-конференцијата во вторникот навечер.
Одговарајќи на прашање за појаснување, генералот изјави дека според него, со помош на Иран во Сирија се формира ткн „шиитска милиција“, која стои на страна на режимот.
Конфликтот во Сирија започна од март 2011 година, кога по инерција на ткн Арапска пролет почнаа протестите и барањата за промена на режимот на претседателот Башар ал-Асад, на што беше одговорено со насилен обид да се спречи бунтот. Според последните официјални податоци на Обединетите нации, во конфликтот меѓу регуларните безбедносни сили и вооружената опозиција загинале повеќе од 17 илјади луѓе, додека сириските активисти за човекови права велат дека бројката на жртвите се движи над 21 илјада. Официјален Дамаск тврди дека станува збор за помала бројка жртви, во која најмногу се припадниците на безбедносните сили коишто се судираат со терористички групи поддржани од странски земји.
Западните земји и некои арапски држави бараат итно заминување од власта на претседателот Башар ал-Асад, верувајќи дека тоа ќе го запре насилството. Русија и Кина, пак, сметаат дека надворешна интервенција во Сирија и растурање на државата ќе доведе до проширување на конфликтот во регионот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

