Свет
Организацијата на исламската конференција го суспендираше членството на Сирија

Организацијата на исмалската конференција OIC, го суспендираше ченството на Сирија во четвртокот рано наутро на самитот на исламсктие земји во Мека, Саудсика Арабија.
Во завршната изјава на собирот на челниците на 57-те муслимански земји, се наведува како причина за ваквата одлука насилното задушување на бунтот што го спроведува сирискиот претседател Башар ал-Асад.
„Конференцијата одлучи да го суспендира членството на Сириската Арпаска Република во Огранизацијата на исламската конференција и во сите нејзини придружни тела, засебни и поврзани институции“ се наведува во завршната изјава од исламскиот самит во Мека.
Претходно овој потег беше во понеделникот одобрен на состанокот на миснитрите за надворешни работи на земјите челнки на ОИЦ, a беше усогласен вториот ден од собирот, ноќта кон четврток и покрај големото противење на Иран.
Состанокот на врвот на муслиманските лидери се одвиваше во палатата Ал Сафа во Мека, најсветото место за исламот, во текот на ткн „ноќта на судбината“, најсветата ноќ во месецот на светиот пост Рамазан, во текот на која муслиманската света книга Коранот му е објавена на пророкот Мухамед.
Со самитот претседаваше саудискиот крал Абдула бин Абдул Азис, кој и беше иницијатор за состанокот во надеж дека така ќе се мобилизира муслиманската, пред сѐ сунитска, поддршка за бунтовниците во Сирија.
Претседателот на Иран, доминатно шиитска земја која отворено го критикуваше притисокот за исклучување на Сирија, Махмуд Ахмадинеџад присуствуваше на самитот во Мека, што беше предлог на саудискиот суверен.
Тензиите се подгреваат веќе со месеци меѓу мнозински сунитските земји од Заливот и шиитскиот Иран, како долгогодишни регионални ривали коишто заземаа спротиставени ставови во врска со сирискиот конфликт, кој беше главната тема на самитот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Организаторите на демонстрациите против Трамп: Протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

Седум милиони луѓе, според организаторите, се собраа вчера во Соединетите Американски Држави на повеќе од 2.700 мирни собири против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ен-би-си Њуз.
Од Њујорк до Сан Франциско, преку Чикаго, Њу Орлеанс и мали градови во централниот дел на Соединетите Американски Држави, околу седум милиони луѓе учествуваа на повеќе од 2.700 собири, соопштија организаторите.
Коалицијата обединета под слоганот „Без кралеви“ веќе организираше добро посетени протести на роденденот на Доналд Трамп кон средината на јуни, кои привлекоа околу пет милиони демонстранти, според организаторите.
Овие бројки е невозможно да се потврдат бидејќи американските власти не објавуваат проценки на национално ниво.
Сепак, собирите во саботата беа најголемото протестно движење во земјата откако републиканците се вратија на власт.
На големи демонстрации или десетици помали по патиштата, Американците од сите возрасти се собраа во фестивалска атмосфера за да го осудат она што го нарекоа „авторитарно преземање“ на Доналд Трамп и неговите соработници.
„Тие ја уништуваат демократијата“, го осуди Исак Хардер, средношколец интервјуиран од АФП во главниот град Вашингтон. „Ова не е Америка, ова е фашизам.“
100.000 луѓе протестираа во Њујорк, а демонстрации се одржаа и во Тексас и Флорида, конзервативни упоришта, особено во Хјустон и во близина на резиденцијата Мар-а-Лаго каде што Доналд Трамп го поминува викендот.
„Како можеше ова да се случи?“, изјави за АФП Џенифер Брајант, адвокатка од Хјустон. „Работите се случуваат толку брзо; тие ги уништуваат нашите институции, отпуштаат јавни службеници и одземаат јавни средства.“
Трамп не ги коментираше протестите во саботата, а претходно оваа недела само накратко изјави за телевизијата Фокс дека „не е крал“.
На митинзите присуствуваа и неколку истакнати американски левичари, како што се Берни Сандерс и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
фото: принтскрин
Европа
Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за неговата претседателска кампања во 2007 година, што го прави првиот поранешен шеф на земја од ЕУ што отслужува казна затвор.
Саркози, десничарски претседател на Франција од 2007 до 2012 година, беше осуден кон крајот на септември за заговор за финансирање на неговата изборна кампања со покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи.
Поранешниот државник, кој се жалеше на пресудата и ја осуди „неправдата“, ќе биде задржан во парискиот затвор Ла Санте.
„Ако сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор – но со крената глава“, им рече тој на новинарите по изрекувањето на пресудата на 25 септември.
Саркози ќе биде првиот француски лидер затворен по Филип Петен, нацистичкиот колаборационистички шеф на државата, кој беше затворен по Втората светска војна.
Веројатно ќе биде сместен во една од ќелиите од девет квадратни метри во крилото за самица, изјавија за АФП вработените во затворот.
Ова би го спречило Саркози да комуницира со други затвореници или некој да го фотографира славниот затвореник со еден од многуте мобилни телефони што се шверцуваат внатре, рекоа тие, барајќи анонимност бидејќи не им е дозволено да разговараат со новинарите.
Во самица, на затворениците им е дозволено да ги напуштат своите ќелии на една прошетка дневно во двор со површина од неколку квадратни метри.
Не е јасно колку долго Саркози ќе остане во затвор.
Претседателката на судот, Натали Гаварино, за време на изрекувањето на пресудата на Саркози изјави дека злосторствата се „од исклучителна тежина“ и затоа наредила тој да биде затворен дури и ако се жали.
Сепак, се очекува адвокатите на Саркози да побараат негово ослободување штом ќе стапне во затвор, процес што би траел околу два месеци.
Судот може да одлучи против ослободувањето на поранешниот претседател од затвор ако, на пример, смета дека тоа е единствениот начин да се спречи фалсификување докази или заплашување сведоци.
Ако не, може да нареди негово ослободување под судски надзор или домашен притвор со електронска нараквица.
Додека судот не ја донесе својата одлука, се очекува Саркози да поминува време претежно сам.
фото: принтскрин
Европа
Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски земји, почина во Рим на 91-годишна возраст, објавија вчера италијанските медиуми.
Софија Коради, која подоцна ќе стане професорка на Универзитетот во Рим, како студентка доби престижна американска стипендија Фулбрајт, која ја однесе на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што дипломирала право.
Таа предложи и започна програма за размена
Кога италијанскиот образовен систем не ја призна нејзината американска диплома по нејзиното враќање, таа предложи програма за размена, која на крајот ја започна на ниво на Европската унија во 1987 година.
Оттогаш, околу 16 милиони студенти учествувале во програмата, според веб-страницата на Еразмус.
Програмата, управувана од ЕУ, поттикнува поблиска соработка меѓу универзитетите и високообразовните институции низ цела Европа.
„Мама Еразмус“
Софија Коради, или „Мама Еразмус“ како што беше позната, рече дека идејата за програмата, родена за време на Студената војна, била нејзина „лична пацифистичка мисија“.
За италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој ѝ го припишува „раѓањето на Генерацијата Европа“, таа „ги инспирирала животите на милиони млади луѓе кои патувале, студирале и прифаќале различни култури“.
Sofia Corradi ci ha lasciati.
Aveva sognato una gioventù europea che si incontrasse e si arricchisse delle proprie differenze. Milioni di studenti le devono un pezzo di vita e un orizzonte.
Omaggio alla Mamma Erasmus, il cui sogno continua a costruire la nostra Europa.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 18, 2025
„Таа сонуваше за европска младина збогатена со нејзината разновидност. Милиони студенти ѝ ги должат своите хоризонти“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на социјалната мрежа Икс.