Свет
Иран го осуди суспендирањето на Сирија од ОИК
Иран во четвртокот го осуди суспендирањето на Сирија од Организацијата на исламската конференција (OIC), оценувајќи дека таа одлука е „неправедна“.
„Сирија требаше да биде повикана на самитот за да може да се брани“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи за иранската новинска агенција IRNA, во Мека каде што се одржуваше самитот.
Муслиманските држави чиишто лидери се собраа на вонредниот самит во муслиманскиот свет град Мека во Саудиска Арабија, доцна во ноќта кон четвртокот ја суспендираа Сирија од членството во OIC и од сите нејзини тела и форуми, со цел да го изолираат Дамаск и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, поради, како што стои во образложението, насилното задушување на 17-месечниот бунт против власта.
Шиитскиот Иран, единствен од 56-те членки на Организацијата речиси сите сунитски држави, чии претставници присуствуваа на состанокот на врвот, отворено се спротистави на суспендирањето на членството на Сирија.
Техеран оценува дека одлуката е спротивна на повелбата на Организацијата, и ја карактеризираше како неправедна, и смета дека наместо тоа, со Сирија треба да се соработува за да може земјата да излезе од кризата/./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Епицентарот се случил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.