Свет
Крвав штрајк во Јужна Африка, загинаа 36 рудари
Најмалку 36 рудари загинаа во четврток кога полицијата отвори оган кон рударите кои штрајкуваа во рудникот за платина во Марикана во Јужна Африка.
Портпаролот на полицијата Звели Мниси изјави дека штрајкувачите пукале кон полицијата со оружје кое го украле од припадниците на силите на редот.
Министерот за полиција Нати Мтетва вели дека во пукањето се ранети голем број луѓе, меѓу кои некои се во тешка состојба и се стравува дека бројот на мртви би можел да биде и поголем, пренесува АФП.
Некои од синдикалните лидери и полицијата попусто се обидувале да ја растурат собраната толпа, додека некои од рударите порачале дека се подготвени да умрат, барајќи зголемување на платата.
„Министерството за внатрешни работи смета дека полицијата со оглед на ситуацијата го направила најдоброто што можело да се направи“ се вели во соопштението и се додава дека МВР ќе побара истрага за случувањата во рудникот.
Мниси рекол дека тоа што се случило е недопустливо за една демократска земја, бидејќи правото на собир е гарантирано со закон и Устав.
„Имавме ситуација во која луѓето вооружени до заби меѓусебно се напаѓаа и убиваа“ рече тој.
Претходно медиумите јавија дека полицијата фрлила солзавец и испалила гумени куршуми кон демонстрантите.
Портпаролот на еден од двата синдикати на рударите, Лесиб Шешок изјави дека претседателот на синдикатот се обидел да ги убеди рударите да се откажат од штрајкот и да се вратат на работа, но тие го одбиле тоа.
Стотина работници од рудникот во сопственост на компанијата „Лонмин ПЛЦ“ започнаа штрајк минатиот петок, од кога загинаа 10 лица. Тие ја прекинаа работата поради неисплатени плати, а ситуацијата се влоши при судир на два рударски синдикати.
Преговорите кои почнаа синоќа со полицијата не дадоа резултати. Претседателот на Јужна Африка, Џејк Зума порача дека е „шокиран од бесмисленото насилство“.
„Веруваме дека во нашето демократско движење има доволно простор секој спор да се реши со дијалог без кршење на законот и насилство“ наведува Зума во соопштението.
Заменик директорот на сопственикот на рудникот, компанијата Лонмин, Барнард Моквен наведе дека случувањата во рудникот биле дел од „полициска операција“.
Во соопштението пред судирот во четврток, компанијата Лонмин наведе дека штрајкувачите ќе добијат отказ ако не се појавата на работа. Работниците во рудникот за платина имаат плата од 4.000 ранда или 400 евра, но бараат три пати поголема плата.
„Ние сме експлоатирани, ни владата ни синдикатите не дојдоа да ни помогнат. Благодарение на нашата работа, рудникот заработува пари, а нам скоро ништо не ни плаќаат. Не можеме да си дозволиме достоинствен живот. Живееме како животни поради мизерните плати“ рече еден од рударите.
„Лонмин“ е трет по големина произведувач на платина во светот. Јужна Африка е на врвот меѓу земјите кои произведуваат јаглен, платина и злато./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада вознемирена од инцидентите со Здравко Чолиќ и Даниел Кајмакоски
Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна беше фрлена бомба, само неколку дена подоцна беше киднапиран македонскиот пејач кој живее во Србија, Даниел Кајмакоски. Овие настани предизвикаа загриженост кај фановите, но и естрадата во таа земја, пишуваат српските медиуми.
Додека полицијата и надлежните органи интензивно ги истражуваат околностите на двата инцидента, јавноста ги следи деталите, а некои од српските пејачи сега се соочуваат со страв, пришто во јавноста се отвори и темата за приватно обезбедување.
Mеѓу првите што реагираа беше пејачот Бане Мојиќевиќ, кој не го криеше својот шок.
„Ужасно е, искрено не се плашам за мојата безбедност, ниту за безбедноста на моето семејство, но ете, се случува, се надевам дека Даниел е добро“ рече Бане.
Пејачката Каја Остојиќ, пак, призна дека по нападот врз куќата на Чола, сериозно сфатила дека треба да се грижи за својата безбедност.
Таа рече и дека ја чува обезбедување.
Пејачката се осврна на неодамнешните настани на сцената и го коментираше бомбардирањето на куќата на Здравко Чолиќ, како и бомбардирањето на барот на нејзиниот поранешен сопруг.
Имено, Каја Остојиќ истакна дека има многу да каже, но дека ќе зборува за тоа кога ќе дојде време:
„Мојот прв импулс беше да помислам дека е грешка. Се зборува секакви работи и ми се гади. Сега пишуваат и дека го киднапирале мојот колега Даниел. Се случуваат работи што мора да ни пречат. Не знам зошто сме толку таргетирани. Порано, немав обезбедување цело време, но во последната година почнав да го практикувам тоа. Имам многу да кажам, но ќе зборувам за тоа кога ќе дојде време“, заклучи Каја во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, пренесе „Телеграф“.
Во Премиера – викенд специјал, зборуваше и Елма Синановиќ, а на самиот почеток го коментираше киднапирањето на Даниел Кајмаковски:
„Ова се ужасни работи, не знам што се случува “, рече Елма, а потоа се сети што се случи пред дваесет години:
„Беше почеток на 1997 година, купивме стан во Белград, јас бев пред породување, купував работи, и едно утро мојот сопруг го напушти станот и не можеше да го најде автомобилот. Ни ги украдоа автомобилите. Имав и ситуација каде што моите семејни пријатели ми ја украдоа компанијата, измамнички ми ја зедоа компанијата, ме натераа да потпишам полномошно. Верував, но верувам во правдата, дека сè ќе биде во ред“, рече Елма.
Таа се осврна и на нападот врз вилата на Здравко Чолиќ:
„Видов сè, ужасно е, жал ми е што го слушам тоа, го обожавам Чола, му се восхитувам, тој е најголемата ѕвезда, но тоа им се случува на најдобрите. Морам да кажам дека немам обезбедување, ниту пак ми треба, ако треба, ќе има“, рече Елма.
Пејачката Теа Таировиќ се најде на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде новинарите ја прашаа дали слушнала дека нејзиниот колега Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа во Белград, а Теа беше шокирана од оваа информација.
– Ве молам? Дали е ова шега? Телефонот ми беше исклучен и воопшто не видов што се случува. О, Боже – изјави пејачката, а кога новинарите ѝ објаснија како изгледало киднапирањето, како и како пејачот бил спасен, Теа останала целосно збунета.
Потоа ја прашале и дали стравува за својата безбедност.
„Далеку било, не дај боже“, повтори Таировиќ, а потоа следел коментарот на новинарката дека нема од што да се плаши бидејќи има сопруг покрај себе, па овој разговор завршил со насмевки, пишуваат српските медиуми.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.

