Свет
Брахими вети максимални напори за окончување на војната во Сирија
Aлжирскиot дипломат Лахдар Брахими, кој е именуван во петокот за специјален претставник на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, во изјавата за телевизјата France24 рече дека не е сигурен дали ќе му успее да стави крај на сириската конфликт, но вети оти ќе вложи максимални напори
Поранешниот министер за надворешни работи на Алжир, Лахдар Брахими, во петокот е назначен за заеднички специјален претставник на Обединетите нации и на Арпската лига за Сирија.
Одговарајќи на прашањето на презентерот на централниот весник на француската телевизија дали е убеден во успехот на неговата мисија, Лахдар Бархими рече: „Не, но она во што јас сум сигурен е дека ќе се потрудам да се направи сѐ што е можно за таа цел“.
Брахими вели дека се надева оти ќе „ја има соработката на Сиријците и поддршка од страна на меѓународната заедница“,
Сепак, Брахими рече дека „би било неумесно да се бараат сличности меѓу настаните во Сирија, со она што се случуваше во Авганистан, Ирак и Либан“.
„Секој конфликт е различен, но искуството помага да се разберат добро другите конфликти и да се изгради нов пристап кон нив“, рече Брахими.
Според некои дипломати и претставници на ОН, 78-годишниот Брахими долгов реме не се согласувал да ја преземе врз себе улогата на миротворец меѓу двете завојувани страни во Сирија во услови на поддршка на опозицијата од странство, односно на некои арапски и западните земји. На крајот, во петокот било одлучено да се воведе нов должност, „сецијален претставник“ на ОН и Арапската лига, наместо досегашната „специјален пратеник“, која ја извршуваше Кофи Анан.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, како што соопшти прес-службата на светската организација, „му е благодарен на Брахими за неговото стремење да го исползува својот талент и искуство во спроведување на виталната задача за што ќе му биде потребна очекуваната силна, јасна и единствена поддршка на меѓународната заедница, вклучувајќи го и Советот за безбедност“.
Пред изборот на Бархим, Reuters ја пренесе изајвата на Ахмед Фавзи, портпарол на досегашниот сепцијален пратеник Кофи Анан, дека владата на Сирија ја поддржува идејата за неговото именување на должноста.
Меѓу другите кандидати за оваа должност претходно беа споменувани и поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, поранешниот фински претседател Махти Артисари и порашениот шеф на шпанската дипломатија, Мигуел Моратинос.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, којашто се смета за голем поддржувач на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, Виталиј Чуркин, изјави дека Русија го поздравува назначувањето на Лахдар Брахими за специјален претставник на ОН и Арапската лига во Сирија, и му вети поддршка.
„Се надеваме дека работата на овој искусен дипломат ќе помогне за ставањето крај на насилството и носење политичко решение во земјата. Ние ќе му дадеме целосна поддршка“, заклучи Чуркин, цитиран од РИА Новости.
Во 1989 година, со посредувањето на Брахими како специјален претставник на Арапската лига беше постигнат договорот со кој се стави крај на 15-годишната граѓанска војна во Либан.
Брахими беше назначен претставник на ОН, бидејќи на 31-ви август истекува мандатот на на досегашниот заеднички специјален претставник на ОН и Арапската лига, Кофи Анан, кој не успеа да се стави крај на вооружениот судир меѓу властите и опозицијата во Сирија и да започне политички дијалог, поради што на почетокот од август го извести генералниот секретар на светската организација Бан Ки-Мун дека нема да го продолжи мандатот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада вознемирена од инцидентите со Здравко Чолиќ и Даниел Кајмакоски
Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна беше фрлена бомба, само неколку дена подоцна беше киднапиран македонскиот пејач кој живее во Србија, Даниел Кајмакоски. Овие настани предизвикаа загриженост кај фановите, но и естрадата во таа земја, пишуваат српските медиуми.
Додека полицијата и надлежните органи интензивно ги истражуваат околностите на двата инцидента, јавноста ги следи деталите, а некои од српските пејачи сега се соочуваат со страв, пришто во јавноста се отвори и темата за приватно обезбедување.
Mеѓу првите што реагираа беше пејачот Бане Мојиќевиќ, кој не го криеше својот шок.
„Ужасно е, искрено не се плашам за мојата безбедност, ниту за безбедноста на моето семејство, но ете, се случува, се надевам дека Даниел е добро“ рече Бане.
Пејачката Каја Остојиќ, пак, призна дека по нападот врз куќата на Чола, сериозно сфатила дека треба да се грижи за својата безбедност.
Таа рече и дека ја чува обезбедување.
Пејачката се осврна на неодамнешните настани на сцената и го коментираше бомбардирањето на куќата на Здравко Чолиќ, како и бомбардирањето на барот на нејзиниот поранешен сопруг.
Имено, Каја Остојиќ истакна дека има многу да каже, но дека ќе зборува за тоа кога ќе дојде време:
„Мојот прв импулс беше да помислам дека е грешка. Се зборува секакви работи и ми се гади. Сега пишуваат и дека го киднапирале мојот колега Даниел. Се случуваат работи што мора да ни пречат. Не знам зошто сме толку таргетирани. Порано, немав обезбедување цело време, но во последната година почнав да го практикувам тоа. Имам многу да кажам, но ќе зборувам за тоа кога ќе дојде време“, заклучи Каја во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, пренесе „Телеграф“.
Во Премиера – викенд специјал, зборуваше и Елма Синановиќ, а на самиот почеток го коментираше киднапирањето на Даниел Кајмаковски:
„Ова се ужасни работи, не знам што се случува “, рече Елма, а потоа се сети што се случи пред дваесет години:
„Беше почеток на 1997 година, купивме стан во Белград, јас бев пред породување, купував работи, и едно утро мојот сопруг го напушти станот и не можеше да го најде автомобилот. Ни ги украдоа автомобилите. Имав и ситуација каде што моите семејни пријатели ми ја украдоа компанијата, измамнички ми ја зедоа компанијата, ме натераа да потпишам полномошно. Верував, но верувам во правдата, дека сè ќе биде во ред“, рече Елма.
Таа се осврна и на нападот врз вилата на Здравко Чолиќ:
„Видов сè, ужасно е, жал ми е што го слушам тоа, го обожавам Чола, му се восхитувам, тој е најголемата ѕвезда, но тоа им се случува на најдобрите. Морам да кажам дека немам обезбедување, ниту пак ми треба, ако треба, ќе има“, рече Елма.
Пејачката Теа Таировиќ се најде на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде новинарите ја прашаа дали слушнала дека нејзиниот колега Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа во Белград, а Теа беше шокирана од оваа информација.
– Ве молам? Дали е ова шега? Телефонот ми беше исклучен и воопшто не видов што се случува. О, Боже – изјави пејачката, а кога новинарите ѝ објаснија како изгледало киднапирањето, како и како пејачот бил спасен, Теа останала целосно збунета.
Потоа ја прашале и дали стравува за својата безбедност.
„Далеку било, не дај боже“, повтори Таировиќ, а потоа следел коментарот на новинарката дека нема од што да се плаши бидејќи има сопруг покрај себе, па овој разговор завршил со насмевки, пишуваат српските медиуми.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.

