Контакт

Свет

Бројот на жртвите во Ингушетија и Дагестан се зголемува

Објавено пред

Бројот на жртвите од терористичките напади во севернокавкаските руски републики Дагестан и Ингушетија расте, известуваат агенциите, а повредените поради тежината на раните не можат да се транспортираат до подобрите клиники во Мисква.

dobivaj vesti na viber

Во дагестанскиот град Хасавјурт ноќта кон неделата двајца маскирани напаѓачи отворија оган врз верниците коишто ја посетувале локалната шиитска џамија, а подоцна во храмот беа откриени две експлозивни направи од кои едната самостојно експлодира а другата беше неутрализирана од федералните специјални единици.

Од осумтемина коишто беа повредени во нападот во Хасавјурт, едно лице починало а уште енеколу се неколку се наоѓаат во тешка ситуација.

Републичкото министерство за внатрешни работи на соседната Ингушетија во неделата попладне соопшти дека починала уште една жртва од нападот што го извршил бомбаш самоубиец во неделата наутро на погреб на полицаец кој бил убиен во саботата од непознати напаѓачи, исто така, во терористички напад. Така бројот на загинатите во ингушетскиот град Малгобек се искачи на осум убиени и 15 ранети. Сите жртви, според РИА Новости, освен бомбашот самоубиец, биле полицајци.

Се претпоставува дека убиството на полицаецот во саботата било испланирана акција за изведување на нападот во неделата на неговиот погреб.

Засега никој не ја презема одговорност за нападот, но сомневањата паѓаат на исламистичките екстремисти коишто дејствуваат во Ингушетија и соседните републики Чеченија и Дагестан, во источниот дел од Северен Кавкас, каде што повеќето муслиманско население се сунити а нападите најчесто ги изведуваат припадниците на радикалната исламска вехабитска заедница./крај/мф/сн

Свет

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Трамп напиша на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека разговорот бил „многу продуктивен“.

„Претседателот Путин ми честиташе мене, како и на Соединетите Американски Држави, за големото достигнување – мир на Блискиот Исток – нешто за кое, како што рече, се сонувало со векови. Навистина верувам дека успехот на Блискиот Исток ќе помогне во нашите преговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина“, додаде американскиот претседател.

Тој, исто така, изјави дека трговијата меѓу Русија и САД е дискутирана кога ќе заврши војната во Украина.

„Се договоривме дека следната недела ќе се одржи состанок на нашите високи советници. Првичните состаноци од американска страна ќе ги води државниот секретар Марко Рубио, заедно со неколку други лица кои ќе бидат одредени подоцна. Местото на состанокот ќе биде одредено подоцна. Потоа претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорената локација – во Будимпешта – за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа „озлогласена“ војна меѓу Русија и Украина“, напиша Трамп.

Тој потсети дека утре во Белата куќа се среќава со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Специјалниот претставник на Владимир Путин, Кирил Дмитриев, рече дека разговорот меѓу претседателот на Русија и Трамп бил „позитивен и продуктивен“.

Се очекува дека на утрешната средба во Белата куќа, Зеленски ќе побара од Трамп посилна воена поддршка за Киев во конфликтот против Русија. Киев бара од САД да го снабдат со ракети „Томахавк“ со долг дострел, според Ројтерс.

Трамп рече дека би можел да ја снабди Украина со такво оружје ако Путин продолжи да одбива да учествува во мировните преговори.

Амбасадорот на Русија во Велика Британија, Андреј Келин, се придружи на низа московски дипломати кои упатија строго предупредување до САД во врска со можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Фицо: Без разумни предлози, нема да поддржам нови санкции против Русија

Објавено пред

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека нема да го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија, освен ако заклучоците на Европскиот совет не содржат, како што изјави, „разумни предлози и насоки“ за Европската комисија.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи на собирот „Ден на извозот на ЕУ“, посветен на зајакнување на подготвеноста за извоз и конкурентноста на компаниите надвор од ЕУ, Фицо истакна дека Европскиот совет мора да се справи со клучните економски прашања, а не само да ѝ помогне на Украина, објави словачки „Справи“.

„Нема да го поддржам 19-тиот пакет санкции против Русија сè додека не видиме разумна формулација и упатства за Европската комисија во заклучоците на Европскиот совет“, рече Фицо, додавајќи дека лидерите на ЕУ имаат обврска да ја водат Комисијата како извршен орган на Унијата.

Тој нагласи дека е потребно да се дадат конкретни предлози во врска со индустријата, особено автомобилската индустрија, како и цените на електричната енергија.

Фицо ги повика политичките и економските актери во Словачка да се подготват за идното обновување на односите со Русија, бидејќи, како што изјави, „по завршувањето на војната, ќе биде потребно да се бараат деловни можности во таа земја“.

Премиерот на Словачка го критикуваше Европскиот совет за, според неговите зборови, прекумерна концентрација на Украина, додека проблемите со конкурентноста на земјите од ЕУ се занемаруваат.

„Ако не го решиме прашањето на извозот и високите цени на енергијата, нашите производи нема да можат да бидат конкурентни на светскиот пазар“, предупреди Фицо.

Осврнувајќи се на планираната забрана за производство на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, Фицо повика на преиспитување на таа одлука со продолжување на рокот или промена на условите.

„Автомобилската индустрија во Словачка учествува со околу 40 проценти во извозот и 10 проценти во БДП. Ако го оставиме тоа настрана, и знаеме во каква криза се наоѓа, и не кажеме ништо на следниот Европски совет, се поставува прашањето, зошто воопшто се состануваме, освен за Украина?“, заклучи Фицо.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Во моментов разговарам со Путин; Би-Би-Си: Значаен тајминг

Објавено пред

Иако сè уште не е познато кој го иницирал денешниот телефонски разговор, Доналд Трамп или Владимир Путин, неговото време е исклучително значајно бидејќи се случува непосредно пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа, пишува Би-Би-Си за телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.

dobivaj vesti na viber

Во последните недели, Москва испраќаше спротивставени сигнали за процесот на преговори со Соединетите Американски Држави. Процесот, кој започна со директна средба меѓу двајцата лидери во Алјаска на почетокот на август, навидум брзо замре, анализира медиумот.

Од руска перспектива, Трамп е единствениот западен лидер подготвен да се справи со „коренските причини“ за војната во Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров верува дека западните сојузници оттогаш се обидоа да го „заведат Доналд Трамп на погрешен пат“ убедувајќи го дека Путин всушност не сака мир.

Сепак, повеќето западни аналитичари се согласуваат дека Путин брзо ја изгуби довербата во процесот започнат во Алјаска. Веќе на почетокот на септември, тој се сврте кон полусрдечни понуди, вклучително и покана до Зеленски: „Ако е подготвен [за средба], нека дојде во Москва“. Таквиот предлог е практично нефункционален за лидерот на земја под целосна инвазија, според Би-Би-Си.

Според написите, малку е веројатно дека максималистичките барања на Путин за крај на војната се промениле. Сепак, Русија се чини сериозно загрижена за можноста Трамп да одобри испорака на ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би ја ставило и Москва во нивниот дострел.

Кремљ потврди дека се во тек разговори меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, според руските државни медиуми.

Двајцата лидери последен пат разговарале на 19 август, објави новинската агенција РИА, а разговорот се одржал неколку дена по нивниот самит во Анкориџ, Алјаска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија3 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија7 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија8 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија8 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија9 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија10 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија10 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија10 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет13 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа13 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа13 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет13 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија21 час

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...