Свет
Генералниот секретар на ОН повика да запре снабдувањето со оружје на Сиријците
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун повика да се запре со снабдувањето со оружје на завојуваните страни во конфликтот во Сирија, изјави за агенциите во средата во телефонски разговор од Техеран, портпарол на челникот на светската организација, Мартин Несирки.
Бан Ки-Мун престојува во иранската престолнина Техеран, каде што се состана со иранското раководство и ќе учествува на самитот на Движењето на неврзаните.
„Генералниот секретар ги повика сите држави да престанат со снабдување со оружје на сите страни во конфликтот во Сирија“, изјави Несирки по средбата на Бан Ки-Мун и врховниот верски ирански водач ајатолахот Али Камнеи и претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
Минатата седмица на заседанието на Советот за безбедност при ОН посветено на ситуацијата на Блискиот исток, помошникот на генералниот секретар за политички прашања, Џефри Фелтман обрати внимание на тоа дека Иран е осомничен за снабдување со оружје на властите на Сирија со што се крши одлуката на Советот за безбедност. Од друга страна, пак, светските медиуми пишуваа за снабдување со оружје на сириската опозиција од страна на Катар и Саудиска Арабија.
Според портпаролот, генералниот секретар на ОН, исто така, ја повикал иранската влада „да влијае врз сириската влада веднаш да запре со насилството и да создаде услови за воспоставување дијалог на доверба“.
Осврнувајќи се на иранското нуклеарно прашање, Бан Ки-Мун му соопштил на иранското раководство дека внимателно и одблиску ги следи преговорите меѓу Техеран и „шеската“ земји преговарачи и побарал од Иран конкретни чекори за надминување на загриженоста на меѓународната заедница.
Во„шестката“ земји кои преговараат со Иран, влегуваат петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија. Тие се обидуваат да добијат од Иран објаснувања за природата на неговата нуклеарна програма.
Самитот на Движењето на неврзаните во Техеран на кој учество земаа челниците на околу 120 земји, беше отворен во понеделникот, а ќе заврши во петок. Според странските медиуми, САД и Израел се обидувале да го спречат учеството на Бан Ки-Мун, особено, затоа што Иран е под меѓународни санкции поради неговата нуклеарна програма./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

