Свет
Земјотрес со магнитуда од 5,7 го погоди северо-истокот на Јапонија
Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени по Рихтер ја погоди јапонската префектура Мијаги во североистпниот дел од земјата, соопшти јапонската Метеоролошка агенција.
Подземниот удар бил регистриран во 04.05 часот во четврток по локално време (21.05 часот во среда по македонско време). Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 60 километри.
Предупредување за опасност од цунами не е објавено. Засега нема, исто така, иформации за евентуално настрадани и материјални штети.
Земјотресот со јачина од „5 +“ на јапонската скала за мерење потреси бил почувствуван низ целата префектура Мијаги. Во областа на префектурата Фукушима, каде што се наоѓа хаварисаната нуклеарна централа „Фукушима 1“, земјотресот бил почувствуван со јачина до 3 степена на јапонската скала.
По половина час бил почувствуван и моќен афтершок со магнидута од 4,2 степени по Рихтер, кој ја погодил префектурата Ибараки во источниот дел на островот Хоншу. Жариштето на овој земјотрес бил на длабочина од 50 километри под површината.
Минатата година, на 11-ти март 2011 година, североисточниот дел на Јапонија беше погоден од разорен земјотрес со магнитуда 9,0 степени проследен со гигантско цунами, кој подоцна е означен како Големиот источен земјотрес, во кој животите ги загубија околу 19 илјади луѓе. По потресот брегот го зафати цунами чиј плимен бран надмина 14 метри кој поплави четири од шесте реактори на нукеларката „Фукушима-1“ и ги исфрли од фунцкија нивните системи за ладење, што доведе до серија експлозии на водород, растопување на активната јадрена зона што резултираше со истекување на радиоактивни материи во атмосферата и океанот/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

