Свет
Кинеска компанија го тужи американскиот претседател Обама
Мала кинеската компанија го тужеше американскиот претседател Барак Обама поради забраната за купување на ветерни турбини во близина на воена база, пишува според The Wall Street Journal.
Според тужбата на компанијата „Ralls Corp“, е затоа што американскиот претседател Барак Обама, со издавањето на указот со кој се запира проектот за купопродажбата на фармите со ветерни турбини за производство на електрична енергија, поради можна закана за националната безбедност на САД, се ставил над законот и неговите овластувања.
Минатиот петокот, претседателот на САД, всушност го анулираше договорот со кој две кинески претприемачки компании станаа сопственици на четири фарми со ветерни електроцентрали кои се наоѓаат во близина на военопоморската база за тестирања и увежбувања во Бордман во сојузната држава Орегон. Препорака да се поништи договорот претходно во септември, издаде и Комитетот за странски инвестиции САД.
Американското министерство за финансии објави дека фирмата „Ralls Corporation“, е компанија впишана во регистарот на трговскиот суд во Делавер „во сопственост на Кинез и е поврзана со кинеска градежна компанија за производство на електрични централи на ветер.
Со оваа одлука на американската команија „Ralls Corporation“, и на нејзината кинеска филијала „Sany Group“ и на кинеските државјани, им се наложува во рок од 90 дена да се откажат од купувањето на споменатите фарми.
Одлуката на Обама донесена во периодот кога се разгорува претседателската изборна кампања во земјата, е првата ваква донесена по повеќе од две децении, кога американскиот претседател забранува или поништува предложена трансакција поради причини од националната безбедност, врз основа на законот донесен во 1950 година.
Компанијата поднесе тужба во септември против Комитетот за странски инвестиции, но оваа седмица го промени текстот на побарувањата, со тврдење за наводно злоупотреба на власта од страна на претседателот и отсуство на фер судење.
Според експертите, шансите на компанијата за победа се мали. Но, некои аналитичари сметаат дека таквите тужби може да го направат процесот на планирање на проектите на странски компании во САД потранспарентен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

