Свет
Асад одбил мирно решение на сирискиот конфликт
Сирискиот претседател Башар ал-Асад одбил предлог на високи функционери судирот во земјата да биде решен на мирен начин, по убиството на неговите најблиски соработници во напад на бунтовниците во јули
Поранешниот сириски премиер кој пребегна на страната на опозицијата, Ријад Хиџаб, кој во август избега од државата, за телевизијата Al Arabia вели дека убиството на министерот за одбрана Давуд Раџа и неговиот заменик Асеф Шефкат, шура на претседателот Башар ал-Асад во бомбашки напад врз главниот штаба на сириските безбедносни сили во главниот град Дамаск, го навел на заклучокот дека сирискиот конфликт не може да се реши со воени средства.
Хиџаб додава дека се сретнал со други високи функционер, меѓу кои и потпретседателот на Сирија, Фарук ал-Шар, челниците на парламентот и на владејачката Баат партија со кои се согласиле дека претседателот Асад треба да го убедат да започне преговори со опозицијата.
„Башар тоа мазно го одби, Отфрли какво и да е разговор со опозицијата, внатре и надвор од земјата, и рече дека нема да разговара со опозицијата којашто не е патриотска и којашто е вооружена“, тврди Хиџаб.
„Тоа претставуваше шок за сите нас и ја напуштивме претседателската палата. Ја загубив сета надеж, особено во неколкуте следни денови, кога Слободната сириска армија зема контрола над 70 отсто од Алепо“, додава поранешниот сириски премиер./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

