Свет
Индиските сиромаси започнаа „марш за правда“ долг 350 км
Десетици илјади Индијци од најсиромашните слоеви, меѓу нив и припадници на разни племиња и далити (каста на „недопирливите“, почнаа во среда марш долг 350 км до главниот град Њу Делхи протестирајќи против скапотијата и нивната маргинализација во третата азиска економија.
„Маршот за правда“ започна во градот Гвалиор, во централна Индија, а за 26 дена треба да заврши во Њу Делхи, соопшти здружението што го иницираше „Ектра Паришад, која се зазема за правата на Индијците коишто не поседуваат земјиште.
Од Гвалиор тргнале 35 илјади луѓе, а здружението очекува дека до влегувањето во Њу Делхи нивната бројка ќе надмине 100 илјади.
Првиот ваков марш беше организиран во 2007 година и привлече околу 25 илјади луѓе, повеќето презадолжени селани кои бараа право на пристап до земјиштето и средствата за производство на храна.
Учениците во маршот бараат аграрна реформа незадоволни од политиката на централната индиска влада којашто проблемот го префрлува на локалните власти или, пак, купува земјиште за индустриски намени, како и за градење на посебни економски зони.
Сиромашните слоеви во Индија се маргинализирани од развојот на земјата којашто стана третата според обемот азиска сила или едноставно се жртвувани во името на либерализмот, коментираат индиските медиуми. Околу 73 отсто од 1,2 милијарди Индијци живеат од земјоделието. Последните години голем број индустриски проекти се одложени или дури откажани поради споровите со локалните заедници околу откупувањето на обработливото земјиште./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

