Свет
САД: Претседателските кампањи чинат милијарда долари
Потрошувачката за рекламирање во американската претседателска кампања досега надмина 800 милиони долари, а со тоа темпо до изборите ќе се стигне до милијарда долари, извести во четвртокот телевизиската мрежа NBC анализирајќи ги податоците за откуп на рекламниот простор SMG Delta.
Досега 807 милиони американски долари се потрошени на политички огласи за радио и телевизија, за локални и национални мрежи и кабелско и земско емитување.
Изборниот штаб на актуелниот претседател и демократски кандидат Барак Обама потрошил речиси 300 милиони долари, а заедно со Комитетот за политичка акција (super PAC), Приоритетите на САД и другите групи што го поддржуваат, вкупно 352 милиони долари.
Изборниот штаб на неговиот републикански противкандидат Мит Ромни потрошил 164 милиони долари, а заедно со групите за поддршка вкупно 455 милиони долари.
Комитетите за политичка акција којшто го поддржуваат Ромни, на чие чело е Карл Ров, поранешен стратег за избори на поранешниот американски претседател Џорџ В, Буш, „Американски крстосници“ и „Крстосниците GPS“ во рекламирањето вложиле 124 милиони долари. Само минатата седмица „Американските крстосници“ откупиле рекламен простор за 11 милиони долари.
Другите големи огласувачи во кампањата на Мит Ромни се комитетите за политичка акција се „Да ја обновиме нашата иднина“ со 69 милиони, Американците за благосостојба со 46 милиони и Американците за безбедност на вработувањето со 9 милиони долари, како и Републиканскиот национален комитети (RNC) со 24 милиони долари.
Сојузните држави во коишто најмногу се троши на рекламирање се оние со најмногу избирачи и електори меѓу државите со неизвесен исход на изборите, како Флорида, Охајо и Вирџинија, каде се потрошени половината од вкупните средства – 452 милиони долари.
Во последните три седмици Охајо и’ се приближи на Флорида на челното место, која и натаму води со 166 милиони долари, а следи Охајо со 160 милиони и Вирџинија со 126 милиони долари. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.